Ако се има предвид дека во првиот квартал од годинава македонскиот БДП завршил со раст од 2,2 отсто, а во вториот квартал растот изнесувал 4 проценти, додека во гтретиот тој е на ниво од 2 отсто, излегува дека просечната стапка на раст на државава за првите девет месеци од годинава бил на ниво од 2,73 проценти.Што е најзаслужно за растот во третиот квартал.Ако се богледнат бројките на Државниот завод за статистика, може да се види дека во тој период најголем пораст имале уметноста, забавата и рекреацијата, услужните дејностит, како и дејностите на домаќинствата, чии раст изнесува 11,8 отсто. Значаен пораст има и кај трговијата на големо и мало, и тоа таму зголемувањето на економската активнсот изнесува 9,1 процент. Финансиските дејности и осигурувањето имаат раст од 5,8 отсто, додека пак стручните и научнитен дејности имаат пораст за 5,6 проценти.Кога станува збор за потфрлањето, најголемиот пад е кај секторот градежништво, каде економската активност отишла во минус од 9,1 отсто, додека пад има и кај преработувачката индустрија за 2,9 отсто, како и кај рударството за 1,7 проценти.Кога станува збор за БДП според расходниот метод, може да се види дека во третиот квартал има раст на бруто инвестициите од 9 отсто.Зголемена е финалната потрошувачка на домаќинствата, а намалена е финалната јавна побарувачка. Има зголемување и на извозот и на увозот.Според последните проекции на Народна банка на Македонија, оваа година македонската економија треба да заврши со раст од 2,3 проценти.