Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград.
„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, пишува во текстот објавен на официјалната фејсбук страница на ОМО Илинден Пирин.