Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј иницијатор беше Агенцијата за супервизија на осигурување.
Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет и Александар Николовски, претседател на факултетското студентско собрание