Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку објава на Фејсбук уверува дека Северна Македонија нема да воведе визи за граѓаните на Косово, откако Европската комисија во извештајот до Европскиот парламент и до Европскиот совет за визниот режим напиша дека земјава во изминатата година не презела активности за натамошно усогласување со визната политика на ЕУ и дека сѐ уште не вовела визи за земјите закои е потребна виза за ЕУ – Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција. Северна Македонија нема да воведе визи за Косово. Заклучокот на Европската комисија ќе биде ревидиран“, напиша Османи.
Но, во објавата тој не спомена дали ќе се ревидира и одлуката за воведување визи за Турција.„Да се обезбеди усогласување на виозната политика на Северна Македонија со листата на ЕУ на земји на кои им е потребна виза за влез во Унијата, особено трети земји кои претставуваат нелегална миграција и безбедносен ризик за ЕУ. Северна Македонија не презеде акција во 2021 година за натамошно усогласување на визната политика на земјата со онаа на ЕУ. Граѓаните од следните земји за кои треба виза за ЕУ сѐ уште имаат слободен влез во Северна Македонија: Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција. Секое натамошно отстапување од листата на ЕУ за неопходни визи треба да се избегнува.
Во контекст на механизмот за суспензија на визите и во согласност со Член 8 од Визната регулатива, Комисијата континуирано ќе ги нагледува активностите на Северна Македонија кон визното усогласување со ЕУ“, пишува во Извештајот на Европската комисија. Инаку во истиот текст претходно земјите членки оценуваат дека имаат добра соработка со Северна Македонија и во управувањето на границите и во однос на реадмисијата.