„Собирањето и објавувањето чувствителни информации кога тоа е од јавен интерес е главен дел од секојдневната новинарска работа”, пишуваат главните уредници и директори на петте весници.„Ако оваа работа се криминализира, тоа во голема мера ќе го ослаби не само квалитетот на јавната дискусија, туку и нашата демократија”, предупредуваат тие. Весниците оценуваат дека „дванаесет години по првите објавувања” е „време американската влада да се откаже од кривичното гонење на Џулијан Асанж”, „објавувањето не е кривично дело”.Авторите истакнуваат дека законот за анти-шпионажа од 1917 година, на кој се повика Судот кога Доналд Трамп беше претседател, „никогаш не се применувал за новинари, медиуми и издавачи”.„Ваквото обвинение е опасен преседан” и ја „загрозува слободата на информирање”.