Деновиве на политичката сцена се отвори прашањето Дали Левица е најголема закана за евроинтеграциите на Македонија, ова особено деновиве го потенцира владејачката СДСМ.Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот.Политичката партија Левица според екс членови позната по своите радикални ставови, за многу прашања во Македонија.Професорот Бранимир Јовановиќ , кој последниве години работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во интервју за емисијата „Во центар“ ја анализираше политиката на партијата „Левица“. = „Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто објавено неодамна.Професорот Здравко Савески кој е поранешен член на раководството на Левица и беше дел од протестите именувани како „Шарена револуција“ во изјава дадена за Радио Слободна Европа вели дека неговиот поранешен сопартиец е познат по своите чести изјави дека треба да се радикализираат протести по национални прашања. Савески во изјава за РСЕ во јули годинава вели дека Левица сега, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која добива поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.