Кинеската полиција претепа и уапси еден од новинарите на Би-Би-Си кој известуваше за протестите против мерките за Ковид-19 во Шангај, но тој беше ослободен од притвор по неколку часа, јави Би-би-си, пренесе Ројтерс.„Би-Би-Си е крајно загрижен за односот кон нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и со лисици на рацете додека известуваше за протестите во Шангај“, се вели во соопштението на портпаролот на британскиот јавен сервис.„Тој беше задржан неколку часа. За време на апсењето, полицијата го тепаше и клоцаше. Ова се случи додека тој работеше како акредитиран новинар”, додаде портпаролот.