9.8 C
Скопје
19/03/2024 11:53
МАКТЕЛ

      

ПОРАНЕШЕН МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТ ИЗНЕСУВА СЕРИЈА НА ПИКАНТЕРИИ ЗА КИРО ГЛИГОРОВ КОИ ФРЛААТ СЕНКА ВРЗ МИТОТ ЗА НЕГОВИОТ ЛИК И ДЕЛО

      

Киро Глигоров дојде на чело на Република Македонија во моментот кога комунизмот и социјализмот крахира, кога се распаѓаше Варшавскиот пакт, кога се распаѓаше Советскиот Сојуз, кога се распаѓаше Југославија и кога се создаваа контурите на идниот монополарен светски поредок во кој суверено доминираа САД. Имајќи ги предвид наведените факти Глигоров имаше историска шанса да биде неимар на самостојна, стабилна и просперитетна Република Македонија. Меѓутоа, не само што не ја искористи оваа шанса, туку со неговите егоцентрични политики уште на почетокот криво ја насади државата и сериозно ги расклати нејзините темели, така што сега се соочува со опасноста да биде избришана од светските мапи. Поради функцијата што ја вршеше, Глигоров се спомнува многу пати во моите книги, а некои од нив се насловени со индикативни наслови, кои се директно поврзани со неговите политики, како на пример Криво насадена демократија и Криво насадена дипломатија.

   

На основа на бројни факти може да се стекне впечаток дека Глигоров е најконраверзен политичар во современата македонската историја. Контравезноста е негова одлика не само како политичар, туку и како личност. Кај него се е подредено на неговата личност и на неговите интереси. Не надминат итроман и калкулант со мошне развиено чувство за прилагодување и за преживување. Кога виде дека по Конференцијата на големите сили во Техеран во 1943 година задува нов ветер го повлече својот потпис од Прогласот на 15-те интелектуалци за создавање на независна македонска држава. Настојува да се претставува како жртва која била протерана од Македонија во Белград каде, без согласност на македонската власт, не можеше да направи импресивна кариера. Во два наврати беше сојузен министер за финансии, член на највисоките органи на Сојузот на комунистите на Југославија, а на крајот претседател на највисокиот југословенски законодавен орган, односно на Сојузната Скупштина на СФРЈ.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ НАГРАДУВАШЕ ОНИЕ ОД КОИ ИМАЛ ЛИЧНИ И/ЛИ СЕМЕЈНА КОРИСТ

 

Директорот на една банка, која повеќе не постои, во разговорот со негови пријатели и познати во неговата канцеларија, пред околу три децении, покрај останатото зборуваше и за Глигоров. Напомна дека во време на Втората светска војна Глигоров се криел кај некој нему близок пријател од Ерџелија, село во близина на Св.Николе. По преселувањето во Белград каде вршел важни функции во сојузните државни и партиски органи неговиот ерџелиски јатак секоја година одел на гости кај неговиот штитеник во Белград каде уживал топло гостопримство, а на располагање имал и службено возило. Треба да се признае дека Глигоров не заборавал и возвраќал, со државни пари и/ли привилегии, на луѓето кои му правеле лични услуги. Еден македонски дипломат, кој работеше во југословенската дипломатија, кој не се пријави на повикот на македонската влада за враќање и не се врати во Македонија во определениот рок, претседателот Глигоров го назначи за македонски амбасадор во ООН. Кога овој дипломат работел во југословенската амбасада во Лондон му се нашол на недавно починатиот син на Глигоров, Владимир кој во Лондон го усовршувал англискиот јазик. Овој дипломат беше назначен за постојан претставник (амбасадор) во ООН со ветување дека РМ ќе биде избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ООН. Меѓутоа на гласањето РМ доживеа вистинска катастрофа, доби само триесетина гласови, а Словенија доби повеќе од 140! Друг дипломат кој работеше во југословенската дипломатија, кој не се изјасни и, во определениот рок, не се врати во РМ, претседателот Глигоров го ангажира во неговиот кабинет. При крајот на седумдесетите години од минатиот век на ексклузивната локација Плаошник во Охрид беше изградена куќа за Глигоров. Сите формалности и надгледувањето на работите околу изградбата на куќата ги вршел правник кој во општина Охрид бил шеф на секторот за урбанизам, претседателот Глигоров му се реваншира така што го назначи за член на Уставниот суд на РМ.

   

     

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ СЕ ОДМАЗДУВАШЕ НА ОНИЕ КОИ ИМАЛЕ КРИТИЧКИ ЗАБЕЛЕШКИ НА НЕГОВИТЕ ПОЛИТИКИ, НО И НА НЕВИНИ ЛУЃЕ
Претседателот Глигоров не само што не забораваше и возвраќаше на луѓето кои му правеле лични услуги и добри дела, туку уште подобро помтеше и се одмаздуваше на луѓето кои имале какви било критички забелешки на неговите политики, вклучително и на оние кои биле злоупотребени. Еден бескрупулозен македонски дипломат кој работеше во југословенската дипломатија, а имаше огромни амбиции да биде македонски министер за надворешни работи се фалеше дека неговата мајка, штипјанка му помогнала на Глигоров да се зачлени во Комунистичката партија во 1943 година и очекуваше Претседателот да го назначи за министер. Се фалеше дека на барање на претседателот Глигоров на 20-тина страници напишал свое гледање за надворешна политика на РМ и текстот му го предал на средбата што наводно ја имал со Претседателот. Кога видел за каков преамбициозен кариерист се работи, Претседателот на челни места во македонската дипломатија назначи синови на негови блиски пријатели, полтрони и беспоговорни послушници. Откако не беше назначен за министер за надворешни работи, „сврте лист“ и започна со жестоки критики против претседателот Глигоров. За време на еден мој престој во Скопје, мој пријател ми кажа дека во весникот Република прочитал напис од спомнатиот кариерист на кој како коавтор било наведено и моето име, со напомена дека написот ич не му се допаднал. По ова сознание упорно настојував да го пронајдам инкримираниот напис. Во меѓувреме весникот Република беше ликвидиран, така што бев приморан написот да го барам во други институции. Појдов во Народна и универзитетска библиотека, каде најдов неколку броеви од весникот, внимателно ги превртував страниците од весникот, но написот не го пронајдов.

Потоа отидов во Нова Македонија, каде работеше маестралниот архивист, мислам дека неговото име беше Спасе, кој вложи максимални напори и успеа да го пронајде написот. Читајќи го написот, на кој како коавтор беше наведено и моето име, се згрозував од неговата содржина. Но, тоа беше 7-8 месеци по неговото објавување, така што не можев да сторам ништо, особено и поради згаснувањето на весникот во кој беше објавен написот. Авторот на инкриминираниот напис имаше огромни кариеристички и материјалистичи амбиции и склоност за фалење и за лажење. За задоволување на неговите огромни материјални апетити ги интензивира своите врски во арапските земји каде служел како југословенски дипломат. Заедно со неговата сопруга повеќе пати одeле на гости, како што се фалеше, кај палестинскиот лидер (ПЛО) Јасер Арафат. Напиша и промовира книга за ирачкиот лидер Садам Хусеин. Еден ден шефот на Кабинетот на премиерот Љубчо Георгиевски, Валентин ми предаде нацрт на писмо кое го напишал „министерот за надворешни работи во сенка“ со кое македонскиот премиер го поканува лидерот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Јасер Арафат заедно со неговата сопруга да дојде во официјална посета на РМ. Писмото го вратив со напомена дека не е време за реализација на оваа посета. Најверојатно поради прифаќањето на мојата сугестија, авторот на спомнатото писмо, кој заедно со сопругата седеа во еден локал во населбата Аеродром и кога ме забележи како минував покрај локалот ми се втурна со тешки навреди. Кога секна изворот на пари од арапските земји се сврте кон домашни финансиери. Ја промени неговата национална припадност, се декларира како православен Албанец, се гушкаше со Командантот на УЧК (ОНА) и на средбата со него најави основање на Православна црква на Албанците во РМ. Кон своето име си допиша титула академик, која најверојатно му ја доделила Албанската академија на науките!? Најдобра карктеристика за него даде неговата сестра.

БЕСКРУПУЛОЗНИОТ КАРИЕРИСТ МИ НАНЕСЕ ОГРОМНИ ШТЕТИ
Во 1978 година добив станарско право на стан од 40 квадратни метри во Белград. На повик на Владата на РМ, се пријавив за враќање во Македонија. Со еден капетан на ЈНА се договоривме за замена на становите. Неговиот стан во Скопје беше десетина метри поголем од мојот стан во Белград. Со оглед дека наближуваше терминот за враќање во РМ повеќе пати се обидував да го замолам офицерот на ЈНА да ги забрзаме формалностите за замена на становите, но тој не се јавуваше на телефонските повици. Во последен момент сепак се јави, а накнадно дознав дека се договарал со некој македонски офицер за тројна замена на станови но некој од нив се повлекол и договорот пропаднал. Во тоа време голем број Срби поради војната во БиХ доаѓаа во Србија, а посебно во Белград и настојуваа да најдат стан во кој би се сместиле. На денот на преселувањето, веднаш по изнесувањето на првите куфери, во станот ненајавена влезе група луѓе со решение потпишано од шефот на службата за општи работи во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во кое беше наведено дека донел одлука за ОДЗЕМАЊЕ на станот! Им реков дека ова решение можат да го врзат на опашката на мачката и дека станот може да ми се одземе само со судска одлука. Заминаа и по десетина минути се појавија заедно со еден полицаец, кој мошне културно замоли да му покажам документи за станот, а сопругата на капетанот го покажа документот за станот во Скопје. По разгледувањето на документите, полицаецот им рече дека тој може да асистира околу одземањето на станот само на основа на судска одлука. По ваквата изјава на полицаецот насилничката група си замина со наведнати глави. Меѓутоа, проблемите околу замената на становите продолжија и во Скопје. Безброј пати одев во Службата на АРМ надлежна за станбената проблематика и пет години, односно се до 1997 година не сакаа да дадат согласност за замена на станот, а не даваа ни каков било конкретен одговор. Во тоа време бев редовен колумнист во неделникот Македонско Сонце. На уредникот на неделникот му кажав за проблемот околу замената на станот и тој на првата страница од неделникот објави фотографии и имињата на министрите за одбрана Благој Ханџискии и Владо Поповски, кои беа посочени како виновници за проблемите околу замената на станот. Ја користам оваа пригода, со големо задоцнување, јавно да им се извинам на спомнатите поранешни министри за одбрана. Во мојата книга КРИВО НАСАДЕНА ДИПЛОМАТИЈА, покрај останатото, е направена споредба на перфектно организираното преземање на дипломатските кадри на Словенија од Белград во јуни 1991 година и игнорантскиот однос на РМ кон македонските кадри кои работеа во југословенската дипломатија.

Вработен во Кабинетот на претседателот Глигоров ми кажа дека Претседателот внимателно ги следи медиумите и посебно написите за него и тогаш ми стана јасно дека проблемот околу замената на станот, по негов налог го прават неговите инсталации во МО, меѓу кои беше и еден високо рангиран функционер во МО од Штип. И овој случај покажува како „големиот државник“ наместо да се занимава со прашања од интерес за државата и за народот, се занимава, со, за него тривијални работи, а се одмаздува на невини луѓе за прашање од егзистенцијално значење. Пред да дознам за спомнатиот инкриминиран напис замолив еден мој познат кој работеше во Кабинетот на Претседателот да ми договори средба со Претседателот, но тој ми кажа дека во два наврати го потсетувал, но Претседателот воопшто не реагирал. Доколку ме примеше и ме прашаше за инкриминираниот напис ќе му објаснев дека авторот на написот без мое знаење и моја согласност, го злоупотребил моето име и ме навел како коавтор на написот и на тој начин ќе ја дознаеше вистината и ќе ги расчистевме работите. Убеден сум дека, поради спомнатиот напис, Претседателот Глигоров ми се одмаздуваше преку неговите инсталации и во МНР. По враќањето од Белград две години не бев распореден, со статус и со плата на приправник, се обидоа да ме понижат така што бев приморан доброволно и достоинствено да си заминам од МНР и повеќе од пет години да бидам на „бел леб“!

Ја користам оваа пригода да кажам неколку збора за синот на претседателот Глигоров, Владимир кој неодамна почина, и да изразам искрено сочувство на неговото семејство. Во септември 1999 година во питорескното романско гратче Синаја се одржа симпозиум за Балканот и за ЕУ. На симпозиумот Владимир Глигоров учествуваше како претставник на Виенскиот економски институт, а јас како претставник на РМ. По запознавањето заедно појадувавме и разговаравме за теми од меѓународните односи и морам да кажам дека ми остави мошне добар впечаток. Како колумнист во неделникот Македонско сонце објавував написи со критички забелешки на внатрешната и надворешната политика на македонската власт. Не знам дали синот на Глигоров знаеше за моите критички забелешки на македонската власт, но тој воопшто не покрена какво било прашање за политиката во РМ, а зборувавме за меѓународни економски теми. Некои луѓе кои дебело се офајдија во времето на претседателот Глигоров ја искористија смртта на неговиот син за промоција на неговиот татко, што е неморално и нехумано!

ШТО НАПРАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ ЗА ДРЖАВАТА И НАРОДОТ?
Ја суспендира демократијата. Уште на почетокот претседателот Глигоров ја лансира идејата за формирање експертска влада и на тој начин ја суспендира волјата на граѓаните изразена на парламентарните избори и тежиштето на политиката го префрли на тогаш сеуште влијателниот Сојуз на борците. Со истакнати членови на Сојузот на борците формира неформално и вонинституционално Политбиро кое одлучуваше за сите важни прашања за државата, а одлуките формално се усвојуваа во Собранието на РМ. Еден професор по филозофија, Сојузот на борците го оквалификува како „балсамирано зло“ со што предизвика жестока реакција на борците кои бараа да му се одземе државјанството и да се протера од државата! Како што тоа се практикуваше со дисидентите во Советскиот Сојуз. А Претседателот не кажа ни збор за ваквиот изблик на „демократијата“ во РМ!

Ја приграби сета власт во државата и воспостави автократски систем на владеење. Ја измисли и ја натури експертската влада, која тој ја состави и која беше наречена Влада на Глигоров. Со цел додатно да ја зајакне својата позиција во државата и да си обезбеди уште еден мандат го скрати својот петгодишен претседателски мандат за една година со цел претседателските и парламентарни избори да се одржат истовремено во 1994 година. Тие избори, а посебно претседателските ќе бидат забележени како најнерегуларни во историјата на самостојна РМ.
Создаде еднопартиско судство кое го опструира владеењето на правото. По изборите во 1994 година поточно по формирањето на владата на СДСМ беше воспоставен еднопартиски правосудски систем. Сите 650 судии, сите правобранители и обвинители беа избрани без опозиција во Собранието на РМ. Главна задача на судиите беше да го озаконат грабежот на државниот, односно општествениот имот со запишувањето во катастарските книги. Замаецот што беше инаугуриран со ваквиот правосуден систем остави последици кои се чувствуваат се до денес. Владеењето на правото, кое е еден од најважните услови за функционирање, за опстанок и за зачленување на РМ во ЕУ, ни три децении по осамостојувањето на РМ не може да се ослободи од канџите на политиката и да профункционира како независна судска власт како што е тоа во демократските земји во кои строго се почитува поделбата на власта..

Битно променета демографската структура во државата Пред претседателските и парламентарни избори во 1994 година беше дадено македонско државјанство на 150-160 илјади луѓе кои немаа право на тоа (тогашниот ген. секретар на СДСМ -м.б.) и на тој начин дојде до битни промени во демографската структура во државата. Овие државјанства беа дадени поради изборни потреби, односно за зголемување на изборната маса, со цел на Претседателот да му се осигура сигурна победа на изборите. Меѓутоа за победа во првиот изборен круг уште во првиот изборен круг, требаше да се намали бројот на гласачите. На изборните комисии им беше забрането да објавуваат резултати за претседателските избори! „Штелувањето“ на изборните резултати траеше 5 дена, а резултатите не ги објави претседателот на ДИК, туку тоа го стори „победникот“ на изборите!

Создаде моќна медиумска империја. Како долгогодишен и искусен политичар, претседателот Глигоров мошне добро знаеше дека медиумите имаат огромна улога во популаризацијата на политичарите и нивните политики и пристапи кон создавање на моќна медиумска империја. Во времето на санкциите на ООН кон СРЈ (Србија и Црна Гора) во РМ се слеваа огромни пари од непочитувањето на санкциите, односно од трговијата со берзански и акцизни стоки (бензин, тутун, цигари, бакар и други стоки). По изборите во 1994 година кога не постоеше контрола на трошењето на народните пари, медиумската империја се финансираше со пари од буџетот. Во овие медиуми доминираат селективно одбрани уредници и новинари, како и поранешни и сегашни политичари кои редовно и упорно се до денес мантраат за „мудрата“ политика на претседателот Глигоров (мудар, остроумен, генијален, спасител на РМ и слични епитети). Овие медиуми и сега се затворени за какви било критички забелешки на политиките на СДСМ и на претседателот Глигоров, а користат секој повод за демонизација и сатанизација на опозицијата и не реализира ниеден економски или инфраструктурен проект од интерес за државата и народот.

Ја лансира идејата за еквидистанца кон соседните земји. Бев прв кој реагираше на оваа апсурдна идеја. Претседателот Глигоров сакаше да го имитира Тито со неговата политика за еквидистана кон двата военополитички сојузи, НАТО и Варшавскиот пакт, меѓутоа, оваа политика е неприменлива кон тогашните четири, сега пет соседни земји. Последиците од апсурдната идеја за еквидистанца кулминираа прво во односите со Грција, а сега со Бугарија. Во една пригода претседателот Глигоров изрази чудење поради тоа што специјалниот телефон од времето на поранешна Југославија се уште функционирале со Србија, читај со неговиот политички ментор Милошевиќ. Бугарскиот претседател Жељу Желев имаше огромна заслуга Бугарија да биде прва земја која ја призна РМ, но, исто така, имаше огромна заслуга и за признавањето на РМ од страна на Русија. Меѓутоа, Орденот 8 септември, кој беше доделуван на повеќе странски политичари, композитори и уметници, на Желев му беше доделен дури во 2010 година! Турција беше втора земја која ја призна РМ, а на нејзиниот тогашен претседател Тургут Озал овој орден не му беше доделен ни постхумано!? Очигледно некому во РМ не му одговараше и не беше заинтересиран за признавање на државата?! Меѓутоа, апологетите на „мудрата политика“ ги игнорираат овие факти и упорно настојуваат главниот опсрукционер на признавањето на РМ да го промовраат како творец на самостојната РМ. NO PASSARAN!

МИЛОШЕВИЌ И ГЛИГОРОВ ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ ЗА КАТAСТРОФАЛНИТЕ СОСОТОЈБИ ВО РМ, ВО СРБИЈА И ВО РЕГИОНОТ!
Во повеќе наврати пишував за катастрофалните политики на претседателот Глигоров, но исто така и на српскиот лидер Милошевиќ кои со погрешните политики нанесоа огромни штети не само на Република Македонија и на Србија, туку и на целииот регион. По говорот на Милошевиќ на Газиместан, Србите во него видоа месија кој ќе направи држава во која среќно ќе живеат сите Срби. Некои истакнати српски интелетуалци оваа идеја иронично ја прокоментираа со синтагмата СРБИЈА ДО ТОКИО. Милошевиќ очигледно на разбра дека по крахот на комунизмот и социјализмот не постојат ни теоретски шанси за нивното ревитализирање.
Со определбата да го спречи доаѓањето на Петар Гошев на чело на македонската држава и за свој намесник во Македонија да го назначи Глигоров, Милошевиќ нанесе огромна штета на РМ и на македонскиот народ. Меѓутоа, најголеми штети Милошевиќ сепак нанесе на Србија и на српскиот народ. Определбата на Милошевиќ на најбрутален начин да го ликвидира неговиот политички ментор Иван Стамболиќ, покажува дека се работи за безкрупулозен монструм, (не)човек со голем дефицит на морал и хумани вредности. Длабоко сум уверен дека доколку наместо егоцентричните и суетни Милошевиќ и Глигоров, на чело на Република Македонија беше Петар Гошев, а на Србија Иван Стамболиќ, не само што ќе се избегнеа крвавите војни на просторите на поранешна Југославија, туку ќе се најдеше решение за продолжување на заемно корисната соработка меѓу независните држави кои настанаа по распаѓањето на Југославија и на тој начин ќе се создадеа услови за нивното брзо зачленување во НАТО и ЕУ. .

Милошевиќ направи кардинална грешка со определбата да ја растури Југославија со цел да создаде држава во која би живееле сите Срби и во која тој би можел суверено да владее. Започна со „цртањето“ на северозападните граници на идната држава по негов мерак во која не би биле Словенија и Хрватска во кои започнаа да дуваат демократски ветрови кои можеа да ја загрозат неговата суверена позиција. Милошевиќ успеа брзо и лесно да постигне договор со словенечиот лидер Милан Кучан на основа на следните принципи Србија признава право на самоопределување на Словенија, а Словенија признава право на Србија на континуитет на Југославија. За реализација на овој договор беше направена фингирана војна во која имаше 20-тина жртви воглавно војници на ЈНА. Договорот меѓу Милошевиќ и хрватскиот лидер Туѓман беше далеку покомплициран и потежок од договорот меѓу Милошевиќ и Кучан. Шефот на Кабинетот на Туѓман, Шариниќ во едно интервју призна дека дваесетина пати бил во тајни посети на Србија. На почетокот имаше воени судири на територијата на Хрватска, како што беше случајот со крвавите настани и разурнувањето на Вуковар. Војната во Хрватска заврши со Дејтманскиот договор во 1995 година, кога со познатата операција „Луња“, во чија подготовка учествувале и пензионирани американски генерели, со која Србите беа протерани од Хрватска. Едноставно Туѓман го надмудри Милошевиќ. Војната во БиХ беше најкрвава во која животот го загубија повеќе од 200 илјади граѓани, а голем број граѓани од БиХ емигрираа во земјите од западна и северна Европа.

Во српските медиуми беше објавено дека Милошевоќ е Србин кој најмногу пати бил во посета на САД. Ако добро се сеќавам 65 пати, но ништо не стори за зајакнување на односите со Америка! Геополитиката на Милошевиќ беше базирана на идеолошки консидерации, односно на желбата за одржување на социјалистичкиот систем. Најголема геополитичка грешка на Милошевиќ беше определбата за својата политика да бара поддршка и помош од Советскиот Сојуз, кој беше во напредна фаза на распаѓање, односно од Русија, која, поради дворските игри на Кремљ, се соочуваше со сериозни предизвици.

ЛАЗАР МОЈСОВ НЕИСКОРИСТЕН ДИПЛОМАТСКИ „ЏОКЕР“!
Милошевиќ направи огромна историска грешка со определбата да го спречи изборот на Петар Гошев за претседател на РМ, а за негов намесник во РМ го назначи Глигоров.. Убеден сум дека доколку беше избран за шеф на македонската држава, Петар Гошев можеше да даде непроценлив придонес не само за РМ, туку и за целиот регион! Гошев ќе го ангажираше истакнатиот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да и помогне на РМ околу нејзиното признавање и меѓународно етаблирање. Мојсов имаше мошне висок углед во Србија, а посебно во српските дипломатски кругови. Со својата елоквентност и огромното дипломатско искуство, Мојсов можеше да придонесе за отрезнување на забеганиот српски лидер Милошевиќ и на тој начин ќе придонесеше за спречување на крвавите војни на просторите на поранешна Југославија и за пацификација на регионот. Билансот на надворешната политика на претседателот Глигоров е катастрофален. Во времето на неговиот 9 годишен мандат во Република Македонија не дојде ниеден шеф на која било моќна и влијателна светска сила, а ниту тој не направи официјална посета на некоја моќна и влијателна земја. Американскиот претседател Бил Клинтон дојде во РМ во 1999 година, но, со цел да ги посети бегалците од Косово кои дојдоа во Република Македонија. Претседателот на Италија Скалфаро, придружуван од еден потсекретар во италијанското МНР, престојуваше во неколку часовна „официјална“ посета на РМ. За време на турнејата околу светот, Виена-Пекинг- Њујорк, претседателот Глигоров престојуваше во Њујор но не беше примен во Белата куќе!

Внатрешните и надворешни политики на претседателот Глигоров доживеаа вистинско фијаско, но, и покрај тоа, неговите епигони упорно мантраат за неговата остроумност и генијалност!? Упорно го игнорираат фактот дека темелите на македонската државност, со сите нишани, ги постави Лазар Колишевски, единствен македонски политичар кој би можел да ги исполни критериумите за да се категоризира како државник, а претседателот Глигоров со неговите погрешни политики мошне сериозно ги расклати темелите на РМ која се соочува со сериозна опасност за исчезнување од географските мапи!

Доколку претседателот Глигоров ја прифатеше понудата на еминентниот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да и помогне на Република Македонија, тој со подршка и помош од моќниот американски претседател Џорџ Буш-постариот кој беше негов личен и семеен пријател, Република Македонија ќе беше ставена на брза лента за зачленување во НАТО и ЕУ и на тој начин ќе ги избегнеше голготата и тормозењата од соседните држави, прво од Грција, а потоа од Бугарија. Пропуштената шанса со неприфаќањето на понудата на Мојсов, кој можеше да обезбеди подршка од тогаш најмоќниот светски лидер Џорџ Буш-потариот, ја искористија паметните Албанци со Бил Клинтон кој го наследи Џорџ Буш. Албанците успеаа да создадат мошне моќно лоби во американскиот Конгрес (Диогарди, Енџел и дуги) и во американскиот естаблишмент (Бил и Хилари Клинтон, Медлин Олбрајт, генералот Весли Кларк и други). Во 1999 година САД ја бомбардираа СРЈ и со Кумановскиот договор Косово беше одземено од Србија, кое по неколку години се прогласи за независна држава. Се случи фијаско на политиката на Милошевиќ, кој лежеше во холандскиот затвор Шевенинген, каде и почина. Неговата сопруга Мирјана со синот Марко емигрираа во Русија, каде почина сопругата на Милошевиќ.

ГЛИГОРОВ ЕКОНОМСКИ РЕФОРМАТОР?!
Иако завршил Правен факултет на Белградскиот универзитет Глигоров, по „протерувањето“ од Македонија и доаѓањето во Белград работел во југословенската Планска комисија каде се занимавал со економски реформи. Економските реформи во Југославија ги креираа паметните Словенци, поточно Борис Кидрич додека „реформите“ на Глигоров се спроведуваа само во Република Македонија и во останатите југословенски републики.
Во далечната 1965 година бев на двомесечна студентска практика во тогашната Чехословачка. Практиката ја реализирав во Државниот институт за механизација и автоматизација на стакло и керамика во Прага. Еден ден кога пристигнав во канцеларијата, испаничените Чеси ме дочекаа со информација Во Југославија се поскапело и дека поради тоа ќе ги откажат аранжманите за летување на Јадранско Море. Во тоа време југословенски министер за финансии беше Глигоров. На почетокот на новата академска година Ѓуниќ студент од Косово, кој беше голем мајтапчија, еден ден им се обрати на колегите со прашањето Дали сте слушнале дека Киро Глигоров добил Нобелова награда за хемија? На ова прашање студентите реагираа со напомена дека Глигоров е правник, а не хемичар и прашаа зошто добил награда за хемија, а тој одговори Затоа што динарот го претворил во го*но. Во еден мој напис пишував за ветувањата на Глигоров кога беше сојузен министер за финансии Динарот ќе биде конвертибилен! Меѓутоа, не само што динарот не стана конвертибилен, туку дојде до ерозија на неговата вредност како на внатрешен, така и на меѓународен план, се случија инфлација и девалвација на динарот!

Иако долго време работеше во ресорот за финансии во Југославија а девет години беше претседател на РМ не можам да се сетам на каква било негова конкретна идеја за економски реформи и за развој на Југославија или на РМ. Работејќи во Планската комисија на Југославија, Глигоров имал можност да ја следи економската политика на паметните Словенци и да помогне во дефинирањето на развојната политика на РМ, меѓутоа, тој индифирентно гледаше како во Македонија се градат мошне скапи економски проекти за чие работење немаше ни минерални, нити енергетски ресурси, па мораа да се увезуваат. Глигоров никогаш не се изјасни за големите утки со изградбата на ФЕНИ, скопската Железарница и за други промашени мошне скапи економски мега проекти. За разлика од него, Лазар Колишевски кој беше високо квалификуван металски работник и кој немаше факултетско образование, согледа дека ФЕНИ е промашена инвестиција и бараше да се ликвидира, меѓутоа во РМ постои моќна енергетска и банкарска мафија која не дозволува ликвидација на оваа компанија бидејќи како ортаци на странските мултинационални корпорации кои го собираат кајмакот од работењето на оваа компанија, остваруваат солидни профити на штета на македонската држава и македонскиот народ.

ИДЕОЛОГИЈАТА И ПОЛИТИКАТА НА КИРО ГЛИГОРОВ
Во поглед на идеологијата и политикатата кај Глигоров нема каква било конзистентност. За него најважни беа власта, привилегиите и парите. Како комунист учествуваше во комунистичката револуција, но, по крахот на комунизмот активно се вклучи и во контрадикторната капиталистичка револуција. Беше член на Извршното биро на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија, но како пензионер, со подршка и помош од странски фактори успеа да го заземе челното место во „демократска“ РМ. По изборот за претседател, Глигоров се однесуваше како тој да нема ништо заедничко со комунизмот, не призна никаква грешка на комунистите, не се извини на луѓето кои биле репресирани во времето на комунизмот, не стори ништо за рехабилитација на жртвите на комунизмот, не ги врати одземените имоти, ниту им ги надокнади штетите кои им ги нанеле комунистите на предвоената бела буржоазија. Грешките на комунистите кон оштетените граѓани беа макар делумно поправени по изборите во 1998 година, односно по смената на власта и по завршувањето на мандатот на претседателот Глигоров. Во повеќе наврати пишував дека најуспешни транзиции имаа оние поранешни социјалистички земји во кои на првите слободни избори дојдоа нови луѓе кои во времето на комунизмот биле реприсирани или лежеле во затвор. Во интервјуто што го даде за ТВ Ал Џезаира последниот лидер на словенечките комунисти и прв претседател на самостојна Словенија Милан Кучан на прашањето на директорот на спомнатата ТВ Горан Милиќ дали и натаму се чувствува како комунист или како протестант (религија на неговите родители) категорично изјави дека се чувствува како комунист, со напомена дека му е жал поради дерогирањето на изворните начела и принципи на комунизмот! РМ, за жал, немаше среќа, по крахот на комунизмот, на нејзино чело да дојде државник од калибарот на Кучан во Словенија, доследен, принципиелен и високо морален државник, кој со себе не носи портмоне, но во неговиот џеб секогаш носи пари со кои сам си ги плаќа сите трошоци (од спомнатото интервју на Кучан со Горан Милиќ). Луѓе кои работеа во Кабиетот на претседателот Глигоров кажуваа дека во преполнетиот фрижидер кој се наоѓал во неговиот кабинет имало се освен „млеко од пиле“. Иако имаше нагласени хедонистичи амбиции, Глигоров мошне вешто тоа го прикриваше како змија нозете и успеваше да се претставува како чесен, скромен и високо морален човек. Во тој поглед посебна улога имаа(т) медиумите од медиумската империја што самиот ја создаде со многу народни пари. Покрај спомнатата куќа на Плаошник во Охрид, по изборот за претседател му беше доделена вилата која ја користеле претседателите на МАНУ која со многу буџетски пари беше реновирана и опремена со скап мебел и предмети за домашна употреба.

Човек кој работеше во Службата за заеднички работи на Владата, очигледно револтиран, ми предаде огромен список на предмети кои биле купени за опремање на куќата на Претседателот, со назнака дека сите ставки во списокот се расходувани со вредност НУЛА, освен една единствена, на која, за жал, не се сеќавам. Согласно сознанијата претседателот Глигоров ја откупил вилата со сиот инвентар за 40 илјади евра!? За да се претстави како чесен и скромен човек, претседателот Глигоров беше подготвен да компромитира и свои пулени. Министерот кој претседателот Глигоров три пати го назначуваше за министер, го „разголи“ пред македонската јавност со ташната со милион долари и мошне вредната амфора кои грчкиот разузнувач генералот Грилаис, преку овој министер, му ги понудил на претседателот Глигоров за да прифати промена на името на државата. Македонската јавност не беше информирана што се случи и каде завршија ташната со доларите и скапата амфора. А, надлежните македонски органи ништо не презедоа за расчистување на случајот. Македонските олигарси кои дебело се офајдија од криминалната приватизација богато го даруваа главниот идеолог на криминалната приватизација. Дали некогаш македонската јавност ќе дознае што имаше во 13-те куфери кои се „загубија“ на аеродромот во Виена, кој беше транзитна станица на патот околу светот (Пекинг-Њјујорк). Се надевам дека историјата ќе даде одговори не само на овие, туку и на многу други прашања. Кога беше претседател на Скупштината на СФРЈ, Глигоров ја користел службената вила во Белград, која била резервирана за политичарите кои ја вршеле оваа функција. Во белградските медиуми беше објавена информација дека по завршувањето на мандатот, Глигоров не го вратил клучот од вилата што ја користел како претседател на Сојузната скупштина. Македонската јавност никогаш не беше информирана за имотот на претседателот Глигоров во Србија.

ГЛИГОРОВИЗМОТ ИМА ПУШТЕНО ДЛАБОКИ КОРЕНИ ВО ДРЖАВАТА!
Мошне индикативно е однесуавањето на епигоните на претседателот Глигоров, кои постојано мантраат за неговата мудра политика и му припишуваат епитети мудар и остроумен политичар, спасител на Македонија и слични небулози, а целосно ги игнорираат катастрофалните последици од неговите политики. Во времето на неговото владеење беше основана Фондацијата Киро Глигоров, но никогаш не беше поднесен извештај за нејзиното работење. Се сомневам дека оваа фондација непрестано функционира и дека се полни со пари од олигарсите со кои се наградуваат апологетите на „мудрата политика на Претседателот“ кои ги глорифицираат неговата личност и неговата политика“!? Книгата Македонија е се што имаме ја подготвија луѓе од неговиот кабинетот., Позната универзитетска професорка во еден нејзин напис предложи алтернативен наслов на оваа книга Македонија е се што немаме.. Треба да се има предвид и подготвеноста на македонските олигарси, кои со благослов на главниот идеолог и протагонист на криминалната приватизација го заграбија општественото богатство, да ја финансираат пропагандата за глорификација на неговата личност во историјата на самостојна РМ. Се додека власта е во рацете на номенклатурата што ја создаде претседателот Глигоров, РМ нема шанси да профункционира како демократска, функционална и просперитетна држава! Власта на СДСМ и епигоните на претседателот Глигоров го обвинуваат Никола Груевски за груевизам и за заробување на државата. Немам каква било намера да го бранам Груевски, кој направи многу грешки за кои јавно изнесував сериозни критички забелешки што може да се види во мојата книга Заробена наместо препородена. Меѓутоа, никој до сега не го отворил прашањето за глигоровизмот, на кој можат да му позавидат и комесарите од поранешниот Советски Сојуз. Во стилот на ненадминат итроман, претседателот Глигоров државата ја заробуваше преку неговите инсталации во системот и со пропагандата на медиумската империја што тој ја создаде. Политички неграмотните тоа луѓе тешко го разбираат, за нив вистината е она што го кажуваат медиумите. Категорично тврдам дека глигоровизмот е неспоредливо поштетен и поопасен од груевизмот и дека со овој систем се нанесоа најголемите штети на државата и на народот. Имајќи ги предвид ваквите состојби, апелирам до наредните македонски власти да пристапат кон деглигоровизација на РМ како предуслов за нормализација на состојбите во државата и за нејзиното зачленување во ЕУ. Целосно сум свесен дека тоа ќе биде макотрпна работа, со оглед на тоа што глигоровизмот има пуштено длабоки корени во државата и во општеството, како и тоа што луѓето кои дебело се офајдија во времето на владеењето на претседателот Глигоров жестоко ќе го бранат системот што тој го инсталира во државата.

ИМПРЕСИВНА КАРИЕРА НА ГЛИГОРОВ ВО БЕЛГРАД.
По завршувањето на Втората светска војна Глигоров бил „протеран“ од Скопје во Белград. Тврдењето за протерувањето од Скопје во Белград е базирано на изјави на „протераниот“, но не кажува кој и зошто го протерал од Македонија. Факт е дека Глигоров во Белград направи импресивна кариера, два пати бил сојузен министер за финансии, вршел високи функции во сојузните државни органии и во органите на Сојузот на комунистите на Југославија, меѓу кои и член на Извршното биро на СКЈ. Својата белградска кариера ја заврши како претседател на највисокиот законодавен орган на СФРЈ, Мошне добро беше познато дека за секоја висока функција во сојузните органи беше потребна согласност од нивната матична република. Во времето кога живееше и работеше во Белград, Глигоров ретко доаѓаше во Македонија, воглавно на разни манифестации со идеолошко-политички предзнак. Во Белград во почетокот работел во сојузниот завод за планирање, односно во ткн. Планска комисија предводена од Словенецот Борис Кидрич. Планските комисии во социјалистичките земји и во Југославија до реформите во шеесетите години од минатиот век. имаа улога на супер министерства кои ја креираа развојната политика и вршеа распределба на средствата за нејзината реализација. Наместо да ги следи развојните политики на останатите југословенски републики, пред се на паметните Словенци и да помага во дефинирањето на развојната политика на Македонија, во еден негов напис се фали дека пишувал честитки кои Кидрич ги праќал на разни личности по разни поводи. Меѓутоа, никогаш не се осврнал на грешките во развојната политика на РМ.

Со оглед на повеќе децениското отсуство од Република Македонија, по изборот за шеф на македонската држава, претседателот Глигоров беше принуден да создава кадровска база на брзина. Воспостави контакти со самонаречените либерални комунисти иако меѓу нив и Глигоров постоеја сериозни разлики, така што тоа беше „брак“ од интереси. Покојниот политичар и амбасадор Мито Пејовски во една пригода рече дека лидерот на самонаречените либерални комунисти Крсте Црвенковски мошне лошо зборувал за Глигоров, кој пак велел дека на Крсте треба да му се смачка главата како на змија. Во еден напис кој беше објавен во весникот Нова Македонијана, идеологот на либералните комунисти Славко Милосављевски напиша дека Крсте и Киро не комуницирале, и не разговарале ни по телефон 19 години. Претседателот Глигоров се определи на клучни места во државата да назначи потомци на остарената комунистичка елита од кланот на самонаречените либерални комунисти и на тој начин ја ревитализира комунистичката номенклатура која се покажа мошне жилава во одбраната на своите интереси и привилегии. Иако со криминалната приватизација се направи мега грабеж на општественото богатство во РМ ниеден од главните актери на грабежот на општественото богатство не се соочил со лицето на правдаа нити е повикан на одговорност и слободно си шетаат во државата и уживаат во монденските светски туристички центри, купуваат скапи јахти и возила, носат брендирани обувки и облеки, нивните потомци студираат на престижните светски универзитети и уживаат и многу други привилегии, а голем број македонски граѓани немаат пари за леб и за струја. Ете тоа е државата и општеството што со своите политики ги создаде претседателот Глигоров. Оние што се офајдија во времето на владеењето на претседателот Глигоров, со помош на моќната медиумска империја што тој ја создаде со огромни народни пари, упорно настојуваат да му градат култ на најважна личност во историјата на самостојна РМ. Се надевам дека македонската историска наука реално ќе ги вреднува придонесите на македонските политичари и нема да дозволи фалсификување на историјата. Со своите погрешни политики претседателот Глигоров мошне сериозно ги расклати темелите на македонската држава и сериозно го загрози нејзиниот опстанок.

Претседателот Глигоров кадровската политика ја базираше на потомци на негови пријатели, додека беше мошне резервиран кон луѓето кои потекнуваа од руралните средини и кон интелетуалците кои размислуваат со своја глава. Случајно сум роден на село, од родителите сум воспитан да не крадам и да не лажам, отворено да го изнесувам своето мислење што во овие „волчји времиња“ не се особини со кои човек може да се пофали! Го делам мислењето на поранешниот словенечки претседател Милан Кучан дека и натаму останува комунист кој жали поради напуштањето на изворните начела и принципи на комунизмот. Изразувам почит и голема благодарност на комунистите што создадоа услови за образование на младите и описменување на постарите генерации, додека ревиталзираната комунистичка номенклатура така го „реформира“ образованието што само 10% од 14-сет годишниците се функционално писмени! А во Народна Демократска Република Кореја, односно Северна Кореја нема неписмен човек! Категорично сум против инфилтрацијата на стари комунисти во градењето на демократски систем и демократско општество. Стар комунист кој е навикнат на огромни привилегии од времето на комунизмот не може да биде демократ! Без каква било подршка од С(социјалистичка, а не северна) Република Македонија, се јавив на југословенски конкурс и успеав да се квалификувам за прием во југословенската дипломатија. На крајот би сакал да нагласам дека во принцип избегнувам да се фалам, што воопшто не ми е потребно на крајот на животот, но поради тешките навреди од страна на некои платеници, и епигони на првиот македонски претседател, но и на некои луѓе кои лесно подлегнуваат на моќната пропаганда на режимските медиуми, со цел да заштитам моето достоинство, ќе направам исклучок и ќе објавам фотокопија од Уверението за положен стручен, односно дипломатски испит потпишано од Претседателот на испитната комисија, истакнатиот југословенски и хрватски дипломат Будимир Лончар. Потомците на македонската комунистичката номенклатура си умислуваат дека дипломатијата и власта треба да им припаѓа само ним, како наследство од нивните комунистички претци, како и дека во нив нема место за некакви натрапници!

КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

    

Најново

Алијанса за родова еднаквост: Во само 21,3 отсто од компаниите во Северна Македонија имало жени во топ менаџментот

Sase Ivanovski

Петтемина скијачи се обиделе да ископаат засолниште пред да загинат на швајцарските Алпи

Sase Ivanovski

Путин: Досега немаше потреба, но Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на закани

Sase Ivanovski

Ердоган со критики кон Нетанјаху и Западот:„Убиствена, криминална и фашистичка влада“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Почина човекот кој 70 години живееше со челични бели дробови

Sase Ivanovski

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци

Sase Ivanovski

Ердоган со критики кон Нетанјаху и Западот:„Убиствена, криминална и фашистичка влада“

Sase Ivanovski

Борел: Израел го користи гладувањето на населението во Газа како воено оружје

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Владата на СДСМ и ДУИ нѐ турна во фискална провалија

Sase Ivanovski

Ескобар: Дијалогот меѓу Македонија и Бугарија треба да се заснова на факти

Sase Ivanovski

Спасов: Ванковска и Апасиев отворено бараат излез од НАТО и се против ЕУ, а Силјановска-Давкова тоа го прави на перфиден начин

Sase Ivanovski

Јовановски: Мицкоски нема да се огради од оние политики на Груевски длабоко ги поткопаа демократските вредности

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ГРАДАТ 4 НОВИ ХИДРОСИСТЕМИ – Николовски соопшти дека започнува проектирањето

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! МАЖ СО ГОДИНИ ЈА СНИМАЛ СОПРУГАТА КАКО ГО ТЕПА Застрашувачки сцени, насилничката мафта со нож, сопругот има оштетен слух од удари

Sase Ivanovski

Нигер им нареди на американските војници да си заминат откако го повлече договорот за воена соработка со САД

Sase Ivanovski

Италијанската полиција уапси 55 луѓе осомничени за соработка со сицилијанските мафии

Sase Ivanovski

ПАРИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА КАРА СЕ СОБРАНИ И УПЛАТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА ВО ШПАНИЈА: Се чека да се обезбеди превозот до таму

Sase Ivanovski

МВР заплени два тони мобилни телефони за продажба на црниот пазар

Sase Ivanovski

Цветковиќ: Пет пратенички секојдневно беа на тапет, со повици да се силуваат и да се полеваат со катран оти го поддржале внесувањето на Законот за родова еднаквост во Собранието

Sase Ivanovski

Најмалку 50 повредени во инцидент за време на лет од Сиднеј за Окленд

Sase Ivanovski

Нов случај на групно силување во Австрија – деветмина уапсени

Sase Ivanovski

Џафери: Ги решаваме реалните потреби на граѓаните, со инвестиции во инфраструктура создаваме подобри услови за живот 

Sase Ivanovski

ЕВН Македонија е добитник на две главни награди за препознавање на најдобрите во македонската е-трговија

Sase Ivanovski

Компанијата на Маск ќе распореди стотици шпионски сателити за потребите на американската Влада и војска

Sase Ivanovski

Вучиќ: Промени во доктрината и пристапот во дијалогот со Приштина

Sase Ivanovski

Туск повторно го повика Претставничкиот дом на САД да гласа за помошта за Украина

Sase Ivanovski

Со автомобилот удрил во паркирани возила и во пешак: повредени возачот и пешакот

Sase Ivanovski

За САД изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер, а Зеленски ги оцени како „имитација на избори“

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: На ​​Појасот Газа му се заканува глад, мора итно да се прогласи примирје

Sase Ivanovski

На преговорите во Катар, Израел ќе понуди шестнеделно примирје во Појасот Газа во замена за ослободување на 40 заложници, вели израелски извор

Sase Ivanovski

Маск со мрачни прогнози за Украина: „Ќе загинат повеќе луѓе и ќе се изгубат повеќе територии“

Sase Ivanovski

Нов ласерски систем за спречување нелегална употреба на оружје

Sase Ivanovski

Ковачевски: За да ја намалиме корупцијата треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Уапсен малолетник во Црна Гора кој се заканувал со масовни убиства во училиште

Sase Ivanovski

Шамар за Путин во Белград – еве како гласаа Русите во регионот

Sase Ivanovski

ПУТИН: Не може да се исклучи сериозен судир на Русија со НАТО, а со тоа светот ќе биде само на чекор од трета светска војна

Sase Ivanovski

Демири: Некои директори не заслужуваат да менаџираат со болниците!

Sase Ivanovski

Кејт Мидлтон конечно се појави во јавност

Sase Ivanovski

Запален автомобил на сопственик на медиум во Косово, се бараат сторителите

Sase Ivanovski

Путин за Навални: Да тој умре, тажен настан, ама и во Америка умираат затвореници, тоа е најнормално. Навални требаше да биде ослободен во размената на затвореници со Западот

Sase Ivanovski

ЏО БАЈДЕН: Двајца кандидати се номинирани за претседател на САД, едниот е премногу стар и ментално неподобен, а другиот сум јас

Sase Ivanovski

Гест за почит: Филипче сред ноќ собрал екипа доктори и по неколкучасовна операција спасил млада самохрана мајка по преживеан мозочен удар

Sase Ivanovski

СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И ШТИП ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА УЧЕНИЦИ ДА ВЛЕЗАТ НА ЧАСОВИ СО КРАТКИ СУКЊИ, СКИНАТИ ФАРМЕРКИ, ПИРСЕВИ ИЛИ БРАДА, УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Селото Подржикоњ пред 100 години имало 1000 жители, се простира на површина како Скопје на три високи планини

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Постапките на Милановиќ и СДП се мини-пуч

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Интервентниот кардиолог Дејан Начоски во Ахен го вгради најновиот модел на најмал срцев пејсмејкер

Sase Ivanovski

Николоски фрли ракавица на Пендаровски: Дали е точно дека во скоро време беше посетен од странски стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ДО НИКОЛОВСКИ: Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана

Sase Ivanovski

ОДЛИЧЕН СКЕЧ ЗА ВОЈНАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИТКО ЈАНЧЕВ ИМАЛ ТРАУМИ ОД ДЕТСТВОТО, СЕ ПЛАШЕЛ ОД ВАМПИРИ

Sase Ivanovski

Каде ВМРО-ДПМНЕ ќе најде пари за нови капитални инвестиции ако дојде на власт – одговара потпретседателката Кочоска

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Како жена политичарка јас и семејството постојано сме на удар

Sase Ivanovski

РЕАКЦИИ НА СТЕВЧО НА ЦРНА ЛИСТА

Sase Ivanovski

Од денеска во градинки само деца со три дози ДиТеПер вакцина

Sase Ivanovski

Јакимовски: Акт на насилство и мешање во изборите, ни случајно нема да се откажам

Sase Ivanovski

15 намирници кои никогаш не треба да се чуваат во фрижидер

Sase Ivanovski

СДСМ: Одлуката на САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребен Законот за рестриктивни мерки

Sase Ivanovski

ДИК за ставањето на Јакимовски на црната листа на САД: Условите за избор на претседател се содржани во Уставот

Sase Ivanovski

Кабинет на Пендаровски: Александар Николоски е последниот функционер што треба да зборува за криминал

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ставањето на црната листа на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски покажува дека корупцијата цвета

Sase Ivanovski

Масовна тепачка на фудбалски натпревар во Богомила

Sase Ivanovski

Нетанјаху му рекол на Бајден дека е решен да ги постигне сите цели на војната против Хамас

Sase Ivanovski

Москва: Две жртви во украински напад во Белгород

Sase Ivanovski

Дијаспората добива уште 9 часа да се пријави за гласање, рокот е продолжен поради технички проблем на веб-страницата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖИЖЕК: ЗАПАДОТ МОРА ДА ЈА ПОМОГНЕ УКРАИНА ЗАТОА ШТО АКО НЕ ГО СОПРЕМЕ ПУТИН ЦРНО НИ СЕ ПИШУВА НА СИТЕ, ТОЈ ПОЛУДЕЛ И ТРГНАЛ ДА ГО ПОКОРИ СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВОЈ ЖИЖЕК: ПУТИН НЕ Е ЛЕВИЧАР, ТОЈ Е КРАЕН ДЕСНИЧАР РЕЛИГИСКИ ФАНАТИК, ТОА ШТО ЛЕВИЧАРИТЕ НАВИВААТ ЗА НЕГО ВО УКРАИНА Е ПЕРВЕРЗИЈА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МЕТА СУМ НА ДЛАБОКАТА ДРЖАВА, ТОА ШТО МУ ГО ПРАВАТ НА ТРАМП МИ ГО ПРАВАТ И МЕНЕ, СО МЕСТЕНКИ ДА МЕ СПРЕЧАТ ДА ПОБЕДАМ

Sase Ivanovski

Предлог резолуција за РСМ разбуди стари рефрени

Sase Ivanovski

Концертот на „Нови Фосили“ во Скопје ќе биде нивно последно гостување во земјава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: На 4-ти јули ме канат во Американска Амбасада на прослава а сега среде кампања ме ставаат на црна листа, некој се плаши од мене како политичка сила, ќе поднесам кривична пријава за надворешно мешање во изборниот процес!

Sase Ivanovski

Поранешните соработници расчистуваат стари сметки: Георгиевски го „молел“ Груевски да ја презеде партијата или му ја оставил „на тацна“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: Бизнисот може да издржи минимална плата од 600 евра

Sase Ivanovski

Хрватска 11 години во ЕУ – Успешна приказна низ единствената политика на сите Влади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКТЕРОТ САШО ТАСЕВСКИ БАРА АРМ ДА КУПЕЛА ВОЕНИ АВИОНИ, ОД КОИ ЕДЕН ЧИНИ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАСЕР ЗИБЕРИ: ДРЖАВАТА ТРЕБАШЕ ДА ГО ПЛАТИ ПРОМЕНАТА НА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ТОА ЌЕ ГО ЧИНЕШЕ БУЏЕТОТ ОКОЛУ 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

ЕП ќе ја тужи ЕК поради исплати на Унгарија

Sase Ivanovski

Пад на рејтингот на Макрон во новите анкети

Sase Ivanovski

ЗА 20% ЌЕ БИДЕ ПОМАЛ ПРИНОСТ НА ЖИТО: Поројните дождови кои вчера наврнаа во Битола и битолско и подземните води кои поради слабата пропустливост на одводните канали доведоа до поплавување на земјоделските култури во најголемата житница во државата, Пелагонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд на Хрватска одлучи: Претседателот не може да биде кандидат на изборите

Sase Ivanovski
Вчитувам....