7.8 C
Скопје
17/04/2024 22:35
МАКТЕЛ

  

     

 

Прва био – супа без синтетски адитиви, иновација на македонката Моника Стојанова

      

Био – супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без синтетски адитиви, збогатена со екстракти од медицински печурки, собрани од македонските планини, е најновиот иновативен производ на македонката Моника Стојанова, доктор на науки во областа на прехранбена индустрија, односно технолошка микробиологија. Супите поседуваат антиоксидативни, антимикробни и имуномодулаторни својства, поради што спаѓаат во т.н. функционална храна, чии екстракти се произведени од македонски печурки и во македонски услови. Стојанова истражувањето го правела како докторант под раководство на универзитетски професори од Универзитетот во Белград. – Создадовме нешто светско, но сепак, наше Македонско, вака почна разговорот со младата иноваторка, која за МИА сподели како дошла до идеја за добивање целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови. Со консумирање една порција дневно од био-супата се внесува нутритивно полновреден оброк, со биоактивни компоненти со антиоксидативно и антимикробно дејство.

   

Големата употреба на синтетички адитиви во храната инспирација за истражувањето – Идејата за истражувањето, направено под раководство на професорите, д-р Миомир Никшиќ и д-р Милена Пантиќ од Катедрата за технолошка микробиологија на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Белград, според Стојанова, дошла од потребата за безбедноста на храната и користењето синтетски адитиви за подобрување на бојата и аромата на производот, конзерванси и слично. – Согледувајќи ги главните „критични точки” во прехранбената индустрија во ланецот индустрија – квалитетна храна – потрошувачи, и инспирирани од помислата да се произведе целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови, спонтано и низ долги разговори со моите професори, дојдовме до идеја да создадеме еден целосно нов производ. Да се соочиме со предизвиците во научното истражување, кои почнуваат меѓу лабораториските ѕидови и сето тоа да се обидеме да го имплементираме во практиката зачекорувајќи низ лавиринтот на индустриските погони. Накусо, така за првпат во Македонија и во светот настана нашиот нов производ био-супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без примена на синтетски адитиви, а збогатена со екстракти од неколку видови диви печурки собрани од македонските планини, истакна Стојанова.

 

Прв производ со екстракт од македонски печурки – Истражувањето почнало со селекција и избор на три видови диви печурки, собрани од неколку локации во државата: Suillus granulatus, јадлива печука со народно име волчјо лепче и медицинските Coriolus versicolor, познати како мисиркина опашка и Fuscoporia torulosa. – Најнапред беа извршени детални хемиски анализи на свежите, а потоа и на сушените печурки. Потоа, во лабораториски услови произведовме екстракти од овие печурки. Со оглед на тоа што до сега не постоеја никакви истражувања за биолошкиот потенцијал на македонските печурки, на почетокот немавме никакви очекувања ниту предвидувања во оваа насока. Затоа, спроведовме детални хемиски и биолошки анализи на добиените екстракти, кои меѓу другото опфатија утврдување на содржината на феноли, флавоноиди, глукани, протеини, in vitro утврдување на антиоксидативниот, антимикробниот и антиканцерогениот потенцијал. Бевме навистина пријатно изненадени кога почнавме да ги добиваме резултатите, кои беа фасцинантни. Реткост е сите овие компоненти да се најдат во толку големи концентрации собрани во еден производ, појаснува Стојанова, нагласувајќи дека тие можат да се искористат како додаток во било кој производ. Овој производ, како што подвлече, е прв од ваков вид во светски рамки. – Позната е употребата на екстракти од печурки како реиши, кордицепс, маитаке и други во кафе, чај, козметички производи. И во Македонија имаме производи во чиј состав ги има тие екстракти од печурки. Но, тоа се увозни печурки/екстракти, па и производи, од странско поднебје, истакна Стојанова, која пред само четири години иновираше македонски традиционален колбас без хемиски адитиви.

   

     

Индустриските супи содржат појачувач на арома (МНГ или Е621), кој предизвикува несакани појави кај конзументите – Супите во современото општество, претставуваат еден од најдобрите инстант производи, кои се многу популарни. Го задоволуваат критериумот за брза подготовка во денешното динамично време, но за разлика од брзата храна, според нашата соговорничка, супите претставуваат многу хранлив оброк, кој ги задоволува дневните нутритивни потреби (во зависност од состојките) и може да ги употребуваат сите видови потрошувачки групи. – Но, кај индустриски произведените супи, покрај сите овие позитивни карактеристики, негативен аспект е тоа што, покрај останатите синтетски адитиви, содржат појачувач на аромата – мононатриум глутаминат (МНГ или познат како Е621). Бројни студии покажуваат дека МНГ е поврзан со несакани појави меѓу потрошувачите, како главоболки, тегоби, забрзана срцева активност, па сѐ до посериозни здравствени нарушувања, појаснува Стојанова. За аплицирање на добиените екстракти во супите, прецизира дека најпрво тие поминале низ процесот лиофилизација (заради нивната полутечна форма, со процесот на лиофилизација се претворени во форма на прав, за посоодветно аплицирање во дехидрирани производи), со што дошло до уште поголемо концентрирање на сите биоактивни компоненти, а со тоа и до уште поголема биолошка активност. Од друга страна, пак, ја исклучиле употребата на сите адитиви, посебно на МНГ. Производството на био – супите било направено во македонска прехранбена индустрија.

– На овој начин, се доби целосно нов производ: дехидрирана зеленчукова супа збогатена со екстракт од медицински печурки, без МНГ (вкусот го заменивме со додавање на сушен вргањ). Со детални хемиски и биолошки анализи беше утврдено дека овој производ, покрај исклучителниот нутритивен состав, поседува јака антиоксидативна активност и јака антимикробна активност (супата беше тестирана на 12 видови патогени микроорганизми, од кои позначајни се Listeria monocytogenes, Escherichia coli, Salmonella Enteritidis, Staphylococcus aureus, Candida albicans и др.). Конвенционалните зеленчукови супи не поседуваат ниту едно од овие својства кои ги добивме во новокреираната Био-супа. Тоа значи дека со консумирање една порција дневно од Био-супата имаме нутритивно полновреден оброк, а внесуваме и биоактивни компоненти со антиоксидативно дејство, кои го прочистуваат организмот од слободните радикали и антимикробно дејство, односно дејствуваат против патогените микроорганизми и го подобруваат имунолошкиот систем. Поради овие својства, Био – супите спаѓаат во т.н. функционална храна (храна која покрај нутритивната вредност има поволно дејство врз организмот и превентивно може да делува против бројни заболувања), детално опиша нашата соговорничка.

Био-супите со поголем потенцијал на пазарот од конвенционалните – Она што ги прави поразлични био-супите, излезени од лабораторијата со која раководела Стојанова, е првпат аплициран екстракт од S. granulatus, C. versicolor и F. torulosa. – А она што е уште поважно за првпат беа употребени македонски печурки и со гордост можеме да се пофалиме дека македонските печурки имаат многу подобар состав споредено со популарните реиши, маитаке, шиитаке. И за првпат е произведена супа која содржи екстракти од печурки, што не е исто со супа од свежи/сушени печурки, појаснува Стојанова. За потврдување на резултатот од целото истражување направена била сензорна анализа, каде искусни дегустатори, но и аматери ги оценувале органолептичките својства на Био-супите.

– Заради додадените екстракти, супите имаат малку поразличен изглед од оние конвенционалните на кои сме навикнати како потрошувачи, односно имаат кафеава боја. Но, тој нов изглед, заедно со карактеристичниот вкус, доби прилично високи оцени, односно повеќе од 80 отсто, што означува исклучително висока оцена. Тоа беше само уште една потврда за вредноста и посебноста на Био-супите, заклучува младиот, но професионален истражувач. Според неа, со оглед на фактот што не се потребни посебни услови за индустриско производство на ваков вид производ, Био-супите би можеле да имаат поголем потенцијал на пазарот споредено со конвенционалните супи.

Био – супите во потесен круг за светската награда Food Tech Innovation Award 2022 – Био – супите, како што информира Стојанова, биле номинирани за светската награда Food Tech Innovation Award 2022, во категоријата здрава храна, каде во исклучително јака конкуренција и индустрии од целиот свет, производот успеал да дојде до потесниот круг пред финалето. Резултатите од ова истражувањето, се објавени во неколку научно-истражувачки трудови во еминентни научни списанија на SCI листата, преку издавачките куќи Springer и Wiley. – Со сето ова Македонија и Србија дадоа придонес кон светските трендови и технолошки постапки, каде со правилна употреба на екстрактите од печурки може да се постигнат посакуваните својства, делумно или целосно да се елиминира употребата на синтетските адитиви, а истовремено да се добијат т.н. функционални својства кои имаат поволно влијание врз здравјето на потрошувачите. Следејќи го овој пример, може да се даде сосема поинаква насока на индустриското производство на храната, каде истовремено ќе се задоволат потребите и на индустријата и на потрошувачите за производство на квалитетна и безбедна храна, заклучува Стојанова. Био – супите не се достапни на пазарот, но се очекува во најскоро време потрошувачите да ја збогатат својата трпеза со овој нов, здрав и функционален македонски производ.

    

Најново

Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

Sase Ivanovski

Германскиот пратеник се дообјаснува: Реков дека е подобро уставните измени да се случат што поскоро

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе одговораат тие што ја ограбија и понижија Македонија

Sase Ivanovski

Пендаровски – Политичкиот реализам е дека без промена на Уставот нема напредок кон ЕУ

Sase Ivanovski

И со Бујар се претера: Која е потребата, Македонија да се истрчува, како прле пред магаре, во Обединетите нации!?

Sase Ivanovski

Министрите за финансии на ЕУ го стартуваа Планот за дејство на групацијата ЕИБ за и понатаму да ја засилуваат поддршката за индустријата за безбедност и одбрана на Европа

Sase Ivanovski

Најубавите библиотеки во светот

Sase Ivanovski

Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања

Sase Ivanovski

Српското МВР тврди дека не е точно дека автобуси од Косово намерно биле запирани на граничните премини

Sase Ivanovski

Избори во Хрватска: ХДЗ по трет е убедлив победник на изборите

Sase Ivanovski

181 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ за изјавата на германскиот пратеник Бејер: Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго кажува во Европа

Sase Ivanovski

Јакимовски: Тој што бега од дебата во кампања нема да може да се справи со проблемите како претседател

Sase Ivanovski

Вучиќ ќе се сретне во Белград со Си Џинпинг на 8 мај

Sase Ivanovski

ЗАВРШЕНА Е ИСТРАГАТА ЗА НАПАДОТ НА СКОПСКАТА КОНТРОЛНА КУЛА, СЕ ЧЕКА ЕУРОКОНТРОЛ КОЈА МОЖЕ ДА МУ ПРЕСУДИ НА ВИДОТ НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО

Sase Ivanovski

ОФИЦЕРСКИ ДОМ КОЈ ГО ГРАДИ САМСОНЕНКО ЗАЕДНО СО ХОТЕЛОТ НА ПЛОШТАД ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ВО ОКТОМВРИ И ПРЕДАДЕН НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Тешко повреден е мотоциклист кај тетовски Челопек, излетал од патот

Sase Ivanovski

Бислимоски: Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати по случувањата со Иран и Израел

Sase Ivanovski

СДСМ ОБВИНУВА: Новиот командир на ПС Ресен од денес, Ѓоко Стрезовски по добивање на решението, се упатил одма во штабот на вмро и на партиски активности!

Sase Ivanovski

ОВА ДО СЕГА БЕШЕ САМО ЗАГРЕВАЊЕ: Утре официјално почнува кампањата за парламентарните избори

Sase Ivanovski

КОВАЧКИ: Со македонската фудбалска легенда Горан Пандев. За Македонија!🇲🇰

Sase Ivanovski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат, Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во С. Македонија

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Силјановска-Давкова смета дека нашите стратешки партнери живеат во Орвеловски свет?

Sase Ivanovski

Министерката за култура најави тужба за клевета против градоначалничката на Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ до 54, СДСМ до 30 пратеници во идниот парламент, според анкетата на ИПИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Важно е европскиот сон да го живееме овде, во Македонија

Sase Ivanovski

Прегазен пешак кај кичевско Другово

Sase Ivanovski

Ердоган го обвини Нетанјаху за тензиите во регионот

Sase Ivanovski

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување

Sase Ivanovski

Кривична пријава против градоначалник на скопска општина

Sase Ivanovski

Дачиќ: Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување

Sase Ivanovski

Вработените во „Национални шуми“ излегоа на протест, бараат исплата на две заостанати плати и додатоците

Sase Ivanovski

Бегалец од затвор фатен при кражба во продавница во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Јакимовски: Треба да и дадеме рок на ЕУ до 2030, ако не да си бараме алтернатива

Sase Ivanovski

Османи: Осуда на геноцид е универзална човекова должност, сам одлучив за коспонзорството на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Филипче: Специјализантите ќе добијат месечен надоместок од почетни 60.000 денари

Sase Ivanovski

Левица отвори нова канцеларија во центарот на Крива Паланка

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКА ФИРМА ГО ОЖИВЕА ВЕЛОСИПЕДОТ „ПОНИ“, А СЕГА САКА ДА ГО ОБНОВИ И МОПЕДОТ „ПОНИ ЕКСПРЕС“

Sase Ivanovski

Шефот на кабинет на Таравари, Фетаи: Секој глас за Бујар Османи е изгорен глас, тој подготвува заминување од политиката

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Ако бев Претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Се смиривме со соседите, а оваа политичка структура во која сум и јас ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса

Sase Ivanovski

Пендаровски: Tие што беа против Преспанскиот договор сега се фалат со НАТО членството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРКО МИХАИЛОСКИ: Иванов уста не отвори за зулумите на Груевизмот, Пендаровски не се кочи во критиките кон СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Стартува „паметното осветлување“ за Центарци

Sase Ivanovski

БОБИ СТЕФКОВСКИ: Економски силна општина е моја цел од првиот ден на мандатот

Sase Ivanovski

Продолжува реализацијата на капиталните инвестиции во општина Гази Баба! Еден таков капитален објект кој се гради после 60 години во општинското основно училиште Наум Охридски е училишната спортска сала

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: После 50 години, жителите од улица ,,Христо Татарчев 2” со краците 8 и 10 добива нов асфалт!

Sase Ivanovski

После 11 години Кисела Вода доби библиотека со над 8000 наслови!

Sase Ivanovski

СУПЕРХИКС ПРОМОВИРАА НОВ АЛБУМ: Албумот се вика ,,Сила и нервоза”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ БЛИЖИ ПОЛЕКА ДЕНОТ ЗА ВОЈНА МЕЃУ ЛУЃЕТО И РОБОТИТЕ

Sase Ivanovski

Ивица Дачиќ остро ја осуди препораката Косово да стане членка на Советот на Европа

Sase Ivanovski

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Sase Ivanovski

Бајер: Знам со сигурност дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО: Се затвораат училишта, се намалува бројот на парелки, ама бројот на партиските наставници расте

Sase Ivanovski

Oд 15. и 16. владина седница: Уште еден чекор кон унапредување на статусот на специјализантите – одлука, нивните права и обврски да се уредат со закон; Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти по основ на Мобилност во рамки на Еразмус програмата, Одлука за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Sase Ivanovski

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите

Sase Ivanovski

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска

Sase Ivanovski

НАРОДОТ БИРА КОЈ ЌЕ НЕ ВОДИ И КАКВА ЌЕ НИ БИДЕ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детектор анкета: 90% од граѓаните забележуваат говор на омраза кој главно се шири преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Арсовска: Зошто министерката за култура не го пријавила пожарот во Универзална ако за него вели дека дознала пред 9 часот утрината

Sase Ivanovski

Поројни поплави ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, загинаа најмалку 18 лица, најголем број деца

Sase Ivanovski

ПССЕ ја усвои препораката Косово да стане членка на Советот на Европа

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Секој разговор и средба не носи поблиску до првата цел, победа на Стево Пендаровски во првиот круг. Денес се сретнав со стотици граѓани во Конче и Неготино и гледам голем ентузијазам

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Она што го правам како доктор и неврохирург ќе го правам и како иден пратеник, а тоа е помагање на луѓето

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Пазарен ден во Струмица, одличен прием од граѓаните. Очекувам голема победа на Стево Пендаровски на 24 април

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, на нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Sase Ivanovski

Алкалоид со донација на Омепразол вредна над 200.000 евра за клиниката за детски болести и за детската болница Козле

Sase Ivanovski

Инцидент со осуденикот Репки во штипскиот затвор, додека две групи се тепале, едната добила засилување пред затворската зграда

Sase Ivanovski

МИЗОГЕН ТОАЛЕТ

Sase Ivanovski

Џафери бара комплетна документација од Тошковски за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара информации од македонската Влада во врска со случајот со новинарот Фуркан Салиу

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПЕНЏАРСКА: МАЖИТЕ ТРЕБА ДА СЕ МАЧАТ И РМБААТ ОД УТРО ДО МРАК, ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА УЖИВААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПРОДАВАШЕ НА ПАЗАР

Sase Ivanovski

Милановиќ: Пленковиќ ја предводи најкорумпираната влада во историјата на Хрватска

Sase Ivanovski

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука за ова прашање

Sase Ivanovski

Тесла отпушта 10 отсто од вработените

Sase Ivanovski

Нападот со нож на свештеникот во црквата во Сиднеј е прогласен за терористички акт

Sase Ivanovski
Вчитувам....