МВР информира дека вчера во 15 часот било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул. „Широк Сокак“ и ул. „11 Октомври“, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(43) од Битола, удрило во пешакот П.Ј.(77) од Битола.Во несреќата П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.