10.8 C
Скопје
24/04/2024 04:13
МАКТЕЛ

  

     

 

Претседателот Пендаровски: Берлинскиот процес не е замена за полноправно членство во ЕУ туку инструмент за побрзо приклучување на сите шест држави од Западниот Балкан

      

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Берлински процес 2022 – Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.
Почитувани учесници на конференцијата,
Дами и господа,Ми претставува особено задоволство да се обратам на меѓународната конференција посветена на Берлинскиот процес, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Канцеларија во Скопје и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија. Задоволството е дотолку поголемо бидејќи оваа конференција се случува после многу важната и продуктивна средба во Берлин на претставниците на шесте држави од западниот Балкан, учеснички во Берлинскиот процес, а во организација на германската влада и со учество на највисоките претставници на Европската Унија. Со оваа средба, после неколкугодишна пасивност, повторно заживува Берлинскиот процес, кој беше инициран во 2014-та, од тогашната канцеларка на СР Германија, госпоѓата Ангела Меркел.Пасивизирањето на Берлинскиот процес се совпадна со почетокот на здравствената криза, предизвикана од пандемијата на почетокот на 2020 година. Оттогаш, па се до крајот на оваа 2022 година се случија тектонски промени во Европа и во светот што имаат директно влијание и врз нашиот регион. Без претерување можам да кажам дека денес, после скоро три години, на геополитички план се соочуваме со комплетно различна ситуација, но, и со драстично променети внатрешни околности во државите-членки на Европската Унија и кај државите од нашиот регион. Новиот контекст налага да се осмисли и спроведе еден иновиран пристап како кон европската интеграција на Северна Македонија и целиот регионот, така и кон интра-регионалната соработка.Сега дозволете да се осврнам на настанатите промени и идните насоки  кои сметам дека треба да ги следиме во рамките на Берлинскиот процес
. Како што е познато, иницијативата за овој процес се појави во 2013 година, а се реализираше една година подоцна, кога на симболичен начин се сакаше да се одбележи стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, која започна токму на Балканот, со атентатот врз австрискиот надвојвода Франц Фердинанд во Сараево. После тој настан следеа првата, потоа и втората глобална војна, а Балканот беше и остана синоним за поделби, конфликти и воопшто, извор на проблеми.Берлинскиот процес беше замислен да претставува симболично помирување и менување на ваквата перцепција за Балканот, преку трасирање на неговата иднина кон целосна европска интеграција, во кругот на држави и народи кои живеат во стабилни и уредени општества, економски и социјални просперитетни, со функционални правни системи и интензивна меѓусебна соработка. Во тој период дури постоеше и амбиција, барем дел од државите во регионот, да станат членки на Европската Унија до 2025 година, цел која денес, повеќе од сигурно е недостижна за  било која од шесте држави во нашиот регион.Глобалната здравствена криза предизвикана од пандемијата не само што ја тестираше подготвеноста на државите да менаџираат големи кризи, туку, ја тестираше и европската солидарност и во тие рамки, односот на државите од Европската Унија кон државите од регионот. Бавниот процес на дистрибуција на вакцините за државите од нашиот регион во пролетта 2021 година, но и претходното неснаоѓање во односите со јавноста во врска со дистрибуцијата на неопходниот медицински материјал, создадоа перцепција кај граѓаните дека Европската Унија е отсутна и преокупирана самата со себе и во тешки моменти.
Тој вакуум, иако релативно краток, беше искористен за пропагандни активности на малигни актери, надвор од Балканот, кои се против интеграцијата на регионот во западните воено-политички и економски сојузи. Иако од лесно ветената брзина за испорака на вакцини, од нивна страна, на крајот, не излезе ништо, дури и за количините кои авансно ги плативме, сепак, негативниот впечаток за односот на Брисел кон регионот остана широко присутен меѓу граѓаните. Дел од проблемот е, реков и лошото комуницирање со јавноста, за што и ние имаме дел од одговорноста, но, на крајот на денот, не можеме да го негираме фактот дека граѓаните очекуваа многу повеќе и побрзо од нашите сојузници, отколку од државите познати по практикувањето на недемократски модели на однесување.На 24 февруари оваа година Руската Федерација без никаков повод со измислени тврдења за наводен геноцид започна класична агресија врз друга суверена држава со што ги прекрши основните принципи на повоениот меѓународен правен и политички поредок. Оваа брутална агресија на најочигледен, но, истовремено, и на најлош можен начин ни покажа дека војната на тлото на Европа не само што е возможна, туку и дека идеите за поделба на Европа на сфери на влијание, илегална анексија на територија, насилно преместување на луѓе, убиства на цивили и други воени злосторства се повторно меѓу нас, иако сме во третата деценија на 21-от век. Од друга страна, оваа војна не потсети и на клучната, инаку, сосема заборавена димензија и цел на концептот наречен, Обединета Европа, а тоа е преку интеграција да се обезбеди мирот на континетот.
Почитувани,Нашиот регион објективно изгуби години и години во процесот на европската интеграција. Во 2019 година, почетокот на преговорите за нас и за Албанија беше одложен поради, во последен момент, најавената идеја за нова методологија за пристапните преговори. Кога таа беше усвоена, во почетокот на 2020 година, започна штетната блокада кон нас од страна на Бугарија, што индиректно се одрази и врз Албанија. Сосема легитимното барање за добри меѓусоседски односи беше унилатерално заменето со инсистирање на историски и идентитетски прашања како наводен преуслов за почеток на преговорите. Иако, со помош на француското претседателство и нашите пријатели од ЕУ, беше најден компромис што овозможи надминување на блокадата, сепак, направените штети врз меѓусебната доверба меѓу народите, но, и кон атрактивноста на моделот на Европската Унија беа големи. Најдобар доказ за тоа е растечкиот евроскептицизам што се потврдува во сите истражувања на јавното мислење.Исто така и досегашното искуство на Србија и Црна Гора воопшто не помага во оваа смисла. Имено двете држави преговараат безмалку цела деценија и се уште не се ниту на половина од преговорите. Босна и Херцеговина со години се бори за кандидатски статус, а Косово за визна либерализација. Целокупната оваа состојба сигурно не го зголемува нашиот ентузијазам и тоа токму во периодот кога конечно ги отворивме преговорите.
Почитувани,Во вакви околности, повторното актуелизирање на Берлинскиот процес со нова програма за работа е одлична вест. Потпишаните три договори за минување на границите меѓу нашите држави со лични карти, за признавање на високообразовните и на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и на архитектите, се голем чекор напред кон создавањето на заеднички регионален пазар. Не гледам ниту една причина овие договори да не бидат брзо ратификувани во националните парламенти за да може да влезат во сила, а потоа и да се имплементираат така како што се замислени, во интерес на граѓаните од целиот регион.Најавената поддршка за справување со енергетската криза за нашите држави од претседателката на Европската комисија во вредност од една милијарда евра е, исто така, израз на европската солидарност и чекор кон враќање на довербата кај големото мнозинство граѓани во вредностите на европската интеграција.Многупати сум ги кажувал стратешките и структурни предности на Берлинскиот процес во однос на другите форми на регионална соработка. Од ова место би сакал накусо да ги повторам. Прво, во Берлинскиот процес учествуваат сите шест држави од западен Балкан со што се постигнува вистинска инклузија и се избегнува можноста некој да биде маргинализиран или изолиран од процесот.
Второ, Берлинскиот процес е заедничка иницијатива на државите членки на Европската Унија и државите од западниот Балкан што е многу значајно во поглед на одговорноста за неговото функционирање бидејќи врз неговата активност постои мониторинг од аспект на примената на европските стандарди и правила. И конечно, но најважно, Берлинскиот процес не е замена за полноправно членство во Европската Унија, туку, инструмент за побрзо приклучување на сите шест држави од Западниот Балкан во Европската Унија.Мислам дека денешното ваше присуство со коспонзорство на канцеларијата на „Фридрих Еберт“ и на германската амбасада, како и неодамна завршената посета на германскиот претседател Штајнмајер на Република Северна Македонија јасно го покажуваат новопронајдениот интерес и ентузијазам и на страна на Европската Унија, не само на Германија, и на страната на Република Северна Македонија да продолжиме по тој пат, бидејќи регионалните иницијативи од овој тип, заради своите референтни точки од минатото и заради најновите планови кои беа презентирани пред неполни два месеци, потврдуваат дека тоа е најбрзиот начин да ги собереме сите шест држави од Западниот Балкан зад истата кауза – што побрза интеграција во Европската Унија. Денеска очекувам плодна дискусија и корисни и практични препораки од ваша страна за овој процес, овој заеднички потфат во кој сме сите заедно да го направиме побрз, поефикасен, во интерес на сите нас, кој живееме не само Северна Македонија, туку и во целиот регион на Западен Балкан.

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....