Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј почина ненадејно на 64 годишна возраст.Веста ја потврдиле од ресорното министерство. Макеј беше на должноста од 2012 година.Ројтерс наведува дека во понеделник Макеј требало да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.Претседателот на Белорусија, Александр Лукашенко изразил сочувство. Со реакција се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Шокирани сме од веста за смртта на шефот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, напишала Захарова на Телеграм додавајќи дека „наскоро ќе биде објавено и официјално сочувство.“
Овие месеци многу генерали, гувернери, бизнисмени во Русија и Белорусија загинаа мистериозно најчесто случајно паѓајки од прозор, што е класичен начин на елиминација од страна на КГБ односно новото ФСБ или ГРУ, и двете најсилни безбедносни егенции во Русија, едната е полициска другата е воена тајна служба.