На веста за пресудата, Белоцерковскаја, која е родена во Одеса, крајбрежен град на југот на Украина, објави дека е „збунета од една страна, а од друга, се разбира горда“.
Судењето на Белоцерковскаја е дел од повеќемесечната пресметка на Кремљ со противниците на руската инвазија врз Украина.Рускиот истражен комитет најави покренување кривична постапка против Белоцерковскаја уште во март 2022 година, само неколку недели откако руските трупи ја нападнаа Украина и окупираа делови од нејзината територија. Тоа беше првиот познат случај на примена на новиот закон, исто така донесен во март 2022 година, со кој се казнува ширењето на информации за кои Кремљ смета дека се штетни за руската војска.Властите во Кремљ издадоа потерница по блогерката и го запленија нејзиниот имот во Русија вреден 153 милиони рубљи (околу 2,2 милиони долари), што таа го стекна како издавач и медиумски претприемач. Таа беше прогласена за „странски агент“, што подразбира зголемен државен надзор и јавна дискредитација.