Додека лицемерството лажира повреда на теренот наречен политика, да споделиме неколку грди и нефудбалски пасови. Урсула фон дер Лејен, госпоѓата што сака да менува национални идентитети, можеби поради чудните амбиции на некои нејзини предци што смислувале конечни решенија за одредени нации, не знам, не ѝ го знам семето, се истрча да каже дека досега загинале 100.000 украински војници и 20.000 цивили. Јас искрено, ништо не им верувам на евробирократи, ама се јави и Весли Кларк да соопшти дека, ако продолжи вака, ништо добро не ѝ се пишува на украинската армија. Нормално, тука влета и Шолц, па објасни дека Русија веќе не може да победи воено, токму во мигот кога се случува касапницата околу Бахмут. Лудилото од различни информации го дополни Столтенберг, кој ѝ порача на Украина да не се занесува по НАТО, оти прво мора да си ја ослободи државата. Нормално, со војска на која ѝ се случува масакр и оружје што Западот сѐ помалку планира да ѝ го дава, оти веќе го снемува во складиштата. На крајот мораше да се јави Зеленски за да каже дека ќе преговара со Русија откако таа ќе се предаде. И оди сега остани нормален.
Фала му на Бога што освен фаци како Зеленски, постојат и зелените терени, пишува Александар Русјаков во колумна за Нова Македонија.Во моментов кога ја пишувам колумнава, петок наутро, останува непозната само уште разврската во последните две групи. Данска, Германија и Белгија сосема разочараа. Од Данска многу очекував. Одлична репрезентација предводена од фудбалскиот феникс Ериксен. Одиграа исклучителни квалификации, Лига на нации и Европско првенство. На тоа исто Европско првенство, судиите ги упропастија во полуфиналето. И одеднаш…