Градоначалниците на Сараево и Кијив, Бенјамина Кариќ и Виталиј Кличко, утре во Брисел ќе потпишат Договор за воспоставување пријателски односи. Кариќ, на покана ка Кличко, ќе присуствува на состанокот „Киевски инвестициски форум” што годинава, наместо во Украина, се одржува во Брисел.Целта на договорот е развивање на плодна соработка на градовите во широк спектар на економски, културни, туристички, образовни и други области на взаемна корист и просперитет. Кијив и Сараево се залагаат за европските вредности на демократијата, слободата и владеењето на правото и се посветени на човековите права, принципите на меѓународното право и промовирањето на мирниот соживот во Европа