Додека ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува преку соопштенија да ги побие фактите дека дипломатијата под водство на ВМРО-ДПМНЕ е во хаос и без компас, заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трјаков го потврдува она што го денес го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Во интервју за онлај медиум, на прашањето од новинарот Љупче Златев, дека очекувал поконкретни средби во Америка или можеби изјава од некој американски политичар дека ја поддржува Македонија во однос на Бугарија, Трајков вели дека тоа е проблем на нашата дипломатија која не се ангажира доволно.
„Јас го гледам проблемот кај нашата дипломатија која не се ангажира доволно, да направат соодветни контакти и да излобираат, што е првенствено обврска на секоја дипломатија“ – вели заменик министерката за европски прашања. Има ли поголемо признание од ова дека дипломатијата на Муцунски и Мицкоски е шега? Нивната заменик министерка тоа го констатира.
И новинарот Златев и Трајков се на иста линија на она што СДСМ денес го соопшти, дипломатијата е без компас, а посетите во САД не донесоа суштинска поддршка за клучните стратешки прашања од интерес. Му препорачуваме на ВМРО-ДПМНЕ пред да пишува друг пат соопштенија дека СДСМ се срамел, да не се срамат тие и да си погледнат во својот двор. Да не бегаат од фактите дека направија дипломатски хаос.