Фрапантни 13.600.000 денари приходи од прочиститителна станица предвидува ЈПКД “Комуналец” Гевгелија во 2023 година во својата програма!
Зошто фрапантни?Затоа што тоа се пари на граѓаните на Општина Гевгелија, кои ги плаќаат за услуга што не ја добиваат.
Изминатата 2022 година, во најголем дел од годината прочиститителна станица не работеше што може да се види од информацијата од јавен карактер што ја побара Советничката група на СДСМ и од која се увиде дека во првите 6 месеци прочиститителна станица не е во функција.
Бараме надлежните институции да утврдат каде завршуваат фекалиите од Гевгелија и дали воопшто работи прочиститителна станица во Гевгелија.
Бараме одговор од ЈПКД “Комуналец” Гевгелија и Oпштина Гевгелија, дали ќе се вратат парите на граѓаните што ги плаќаат за услуга што не ја добиваат и бараме до моментот во ставање во целосна функција на прочиститителната станица да не се фактурира на граѓаните!