Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да каже колкава штета им прави секој ден со блокадите на Скопје кои се во негова режија и реализирани од негови соработници. Колкава е штетата на илјадници граѓани кои наместо со автобус мора да плаќаат такси до своите работни места? Колкава е штетата што граѓани не можат на време да стигнат на прегледи и операции? Колкава е штетата по стопанството затоа што не можат навреме да испорачаат стоки и услуги? Мицкоски прво нека даде одговор на овие прашања а потоа да се повлече од блокадите со кои се изживува врз граѓаните.