Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%.Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година.Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Економските политики на Мицкоски се тотален дебакл.
И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, власта ги покачува платите на функционерите.Одлуката веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија.Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра!
Ова е срамно, дрско и безобразно.Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања.И додека народот штеди на храна, лекови и сметки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ си тераат луксуз – со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега и со повисоки плати.
Оваа влада нема ниту план, ниту елементарна емпатија. Има само интерес за себе и за своите функционери.СДСМ веќе предупредуваше :економијата оди надолу, инфлацијата не е под контрола и ќе продолжи да расте доколку не се спроведат мерки и закони кои ги предложивме.Затоа денес, јавно и одговорно, бараме итна интервенција од Владата:Конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните,Да нема покачување на платите на функционерите,Граѓаните заслужуваат фер држава која ги штити, а не држава на привилегирани функционери.