Си го предадоа директорското столче во АНБ, но не одговорија кој и како ќе одговара за издавањето на државјанство на конторверзниот украинец Онишченко. Ексдиректорот на тајната служба Виктор Димовски чека пас од владата дали ќе стане предлог за амбасадор во Париз, а неговиот следбеник во службата и по 45 дена од фирмирањето на дисциплинската комисија нема одлука застана истрагата за еквестријан државјанството на Онишченко и кој че биде казнет за пропустите за кои и давјцата директори гласно укажаа. Ваков извештај нема и на денешната владина седница.
Но, затоа извори од АНБ за Телма потврдуваат дека дел од директно одговорните за пропустите во постапката за добивањето зелено светло за државјанство на украинецот Олександар Онишченко сега напредуваат во кариерата. Новиот директор Зарко Милошевски ја поништил суспензијата за Габриела Ѓошевска – Јаковлевска и Бобан МАрку од секторот за Меѓунардона соработка и ги унапредил, Ѓошевска во помошник директор на секторот за Меѓународна соработка, а Марку во началник на сектор за контраразузнавање.
За Телма од АНБ нема официјална потврда за унапредувањата кои неофицјално засега ги примиле посочените пред 4 дена. И самиот директор Милошевски доаѓа од нивниот сектор, но тој не беше опфатен со дициплинската постапка која ја отвори ексдиректорот Димовски иако Милошевски во тој момент е помошник директор во одделот за безбдносни проверки.
Но, освен за медиумите, новиот директор без информации од истграгата ги остави и оние кои го контролираат и назначуваат. Дека имало пропсусти во овој скетор, посочи и претседателот на надлежната собраниска комисија за надзор Љупчо Пренџов по реферирањето зад затворени врати со Милошевски.
ИЗвештај на хартија и полн одговори како Онишченко стана Македонец чека и премиерот Ковачевски, владата, но и претседателот Пендаровски. Владата на затворена седница на 12 декември му го одзеде државајнството на богатиот и конторверезен уркаинец кој од егзотични дестинации ја брануваше јавнсота со изјави дека леглан ого добил државјанството,со една наемра – да го развива коњичкиот спорт „Еквестријан“ во земјава.