Главниот град денеска е блокиран поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните се оставени без јавен превоз, сообраќајот во една од најфреквентните сообраќајници е отежнат, автобусите се преполни, скопјани се оставени сами на себе.Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, толку беше потребно за партијата предводена од Христијан Мицкоски да направи хаос во главниот град.Јавниот превоз е во колапс, а катастрофална е ситуацијата и другите градски јавни претпријатија каде раководните органи, управните и надзорните одбори се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје.
Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани.
Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани.