По говорот на Груевски пред ДИК, власта започна хајка против невладините организации кои таа ги окарактеризира како државни непријатели и почна да им испраќа инспекции по разни основи.По формирањето на новата влада предводена од СДСМ, истрагите против невладините организации беа затворени, а министерот Оливер Спасовски рече дека не било откриено ништо незаконско.