Васил, кој по потекло е од Струмица, веќе една година е преселен во Чикаго каде работи на завршните подготовки за новиот ЕП албум, а воедно и потпишал и ексклузивен договор за соработка со Muze Music преку Believ за дигитална дистрибуција. Околу насловот на најавениот албум, „Порцелански војник“, за „Фокус“ тој открива дека уште од мал се соочувал и се борел со многу работи кои се надвор од негова контрола, но секогаш, и во најтешките моменти не ја тргал насмевката од лицето.-Таа слика од Јинг и Јанг- темнина и светлина… борбата помеѓу фрагилноста и нежноста на порцелан, споредена со моќта и силата на војник, ми е како главна метафора во животот. (И тоа е перфектна фраза која за мене не опишува како уметници.) Од многу мал се соочувам и борам со многу работи вон моја контрола, секогаш насмеан, искрен, гледајќи ја убавината дури и во најтемните моменти. ЕП „Порцелански војник” е токму тоа. „Ритам” е третата песна од патеката на самопронаоѓање, будење и борба за подобар живот. На „Here I stand“ ја претворив темнината во светлина – овде… ја ширам таа светлина. Војник се спомнува во текстот што Игор Џамбазов го напиша за ,,Мојата Улица”, спот во живо и песна која ја промовирав пред две години. Приказната продолжува- раскажува Васил.
Околу тоа дали има планови за враќање назад во Македонија, посебно сега откако се сврши со својот избраник Џејсон, но и откако максимално е посветен на музичката кариера која ја гради во Америка, вели дека животот секогаш има изненадувања, кои се поразлични од плановите кои ги имаме. Кога пред една година отишол во Чикаго, сакал да го заврши албумот и да се врати назад во Струмица, но кога го запознал Џејсон, започнало ново поглавје во неговиот живот.-Кога го запознав Џејсон се ми се смени Чикаго за сега е дома. Со душа чекам да го донесам Џејсон следното лето да види и запознае од каде доаѓам. Планот ми беше да го завршам албумот овде и да се вратам назад. Требаше да потпишам договор со Лондон, па ќе го делев времето помеѓу Македонија и Лондон. Ама за сега … Чикаго, ама не ја оставам македонската музика на страна. Имам големи планови после албумот- ни изјави Гарванлиев.