Заеднички реализиравме многу проекти, при што ги унапредивме партнерството и соработката на високо ниво, а во насока на трите воспоставени стратешки цели за професионализација, демократско полициско работење и сузбивање на транснационални закани кои ги опфаќаат борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје. Како МВР, низ низа системски реформи успеавме да ја зголемиме доверба на граѓаните во полицијата, како и транспарентноста на Министерството, а не можам да не споменам дека токму ОБСЕ одигра клучна улога во овие процеси, преку заеднички активности, кои продолжуваат и во иднина, со цел да изградиме позитивна перцепција на јавноста кон полицијата.
Променетото меѓународно позиционирање на РСМ со приемот во НАТО во март 2020 година, и прогресот во 2017 година во владеењето на правото, демократијата, човековите права, развојот на моделот на мултиетнички односи, надополнето со посветениот ангажман кон регионалната соработка и добрососедството, придонесоа Северна Македонија во 2023 година да ја преземе улогата на Претседавач со ОБСЕ. Во оваа прилика упатувам благодарност за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, со уверување за заеднички заложби за уште подобри резултати.