Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Штип е поволна и на задоволително ниво, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата.
Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Штип во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 18%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува високи 69%.
Во делот на тешките кражби и кражбите, кои се еден од приоритетите на СВР Штип во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 20%, споредбено со истиот период лани.
Од преземените мерки од областа на недозволената трговија со дрога од страна на СВР Штип во текот на 2023 година сузбиена е организирана криминална група која вршела препродажба на наркотични дроги марихуана, кокаин и амфетамини на подрачјето на Штип, Кочани, Виница и Берово. Во акцијата беа извршени 8 претреси и тоа на подрачјето на Кочани, при што се запленети околу 10 килограми марихуана и други предмети поврзани со продажба на дрога. 7 лица, меѓу кои и полициски службеник, се лишени од слобода, на дел им е одредена мерка притвор и поднесени се соодветни кривични пријави.
Во намалувањето на имотните деликти голем придонес имаат и превентивните активности за што од страна на СВР Штип во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 904 настани за превенција