🇲🇰🇮🇹На покана од Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република, присуствував на прием по повод Националниот ден на Италијанската Република – Festa della Repubblica.
Годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Италија, партнерство и искрено пријателство со италијанскиот народ.
Во оваа пригода уште еднаш ја изразувам благодарноста за соработката и заедничките напори во областа на безбедноста и сигурноста, како и за поддршката во евроинтегративните процеси, со уверување дека работиме на продлабочување на партнерството и соработката и во иднина.
Нека е честит Националниот ден на Италија!