На средба со претставници на Командно-оперативниот центар, упатив честитки и благодарност на сите припадници на МВР за максимално професионално завршената работа при спроведување на оперативната акција при одбележување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Преку членовите на Командно-оперативниот центар порачувам и до сите полициски службеници кои беа ангажирани во оперативната акција – пожртвуваноста и посветеноста се столб на полициската професија, како што македонската полиција е столб на државата.