Изборот е едноставен: Интеграција во ЕУ или изолација. А видовме како изгледа изолацијата од 2006 до 2016 година.Собранието е нашиот храм на демократијата каде на прво место мора да биде она што е во интерес на државата.
Повикувам на разум, овој период мора да вложиме максимални напори преку парламентарен дијалог да постигнеме консензус за промена на Уставот. Опозицијата мора да се прилагоди на европските услови и самокритички да ги преиспита своите постапки.