Со Република Албанија имаме блиски пријателски односи, кои беа потврдени и на неодамнешната заедничка меѓувладина седница во Скопје, а на која беа потпишани низа договори, меморандуми за унапредување на соработката помеѓу двете земји, со цел подобар животен стандард на граѓаните од нашите две соседни земји.
Нека нашата заедничка определба за евроатлантска интеграција биде единствениот патоказ за напредок кон подобри перспективи за сите наши граѓани.
Честит 28 Ноември, Денот на албанското знаме!