Србија има значителни резерви на злато, а според последните проценки на Гео институтот направени во 2000 година, има 250 тони во постоечки наоѓалишта и 150 тони во потенцијални, а по најновите откритија, како Чукару Пеки, може да се каже дека има резерви од 500 тони руда, според груба проценка, изјави денеска заменик-директорот на Геолошкиот институт на Србија, Предраг Мијатовиќ. Тој за Танјуг изјави дека златото во рудата по преработката се прави златни прачки или инвестициско злато, кое потоа се става во трезорот на централната банка, како и во сите земји. Ако продолжи оваа стапка на експлоатација, ќе бидат потребни неколку векови за сето тоа злато да се преработи, истакна Мијатовиќ.