Американските и руските официјални лица нема да разговараат за политички и безбедносни прашања, ниту за војната во Украина, на утрешната средба во Истанбул, изјави портпаролот на Стејт департментот. Исто така, неименуван функционер во американската амбасада во Анкара изјави дека двете делегации ќе разговараат за прашања кои влијаат на работата на дипломатските претставништва на двете страни. Делегации на Русија и САД утре ќе одржат технички разговори во Истанбул, соопшти денеска турското МНР.
-Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи. Учесниците, точното време и локацијата на состанокот сè уште не се објавени. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека утре во Истанбул ќе се одржи руско-американска средба за нормализација на работата на амбасадите на двете земји