Стоилковски посочи дека стражите на грбот на Гоце Делчев на 4 февруари во цркавата Св. Спас се резултат на револт од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и институциите бидејќи прават се за да и удоволат на Бугарија, а со тоа ги газат црвените линии на Македонија.
Патриотските стражи се резултат на граѓанството, не е само на Патриотскиот институт, затоа што имаат недоверба кон институциите бидејќи институциите го погазија сето она кое што треба да значи државна институција во насока на заштита на правата и заштита на оваа држава, смета тој.Сето тоа е само реакција на недовербата на граѓаните кон државата и не се само членови на ВМРО-ДПМНЕ тие кои што велат јас ќе одам да го бранам гробот на Гоце Делчев. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни ќе положат почит мирно и достоинствено, знаејќи дека било какво предизвикување на инцидент е во корист само на СДСМ, ДУИ и Бугарија и оваа влада која што гледа што повеќе да и удоволи на Софија газејќи ги црвените линии за кои се гласаше во парламентот, дециден е Стоилковски.