21.8 C
Скопје
28/03/2024 16:31
МАКТЕЛ

      

Текстилниот отпад шанса за нови бизниси

      

Магацините и халите на штипските текстилни конфекции се затрупани со текстилен отпад. Материјалот кој останува по шиењето на готовите текстилни производи се складира и мора да помине низ посебна процедура, за да се транспортира на градската депонија „Трештена скала”. Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни конфекции во текстилниот кластер вели дека токму тој отпад е неубава слика пред странските партнери, кога ги посетуваат фабричките погони, за склучување нови договори. Но, сега веќе сите знаат, на почетокот на партнерите мораше да им објаснуваме што тоа значи и зошто го правиме. Се снаоѓаме, со тоа што подискретно го складираме тој отпад, но сега засега таква е законската процедура. Прво треба да поминат од Царина да го видат тој отпад, потоа да го складираме и уништиме, вели Нашков.

   

Токму овој отпад е шанса за бизнис, посочува Нашков, но и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) и Кристина Ампева од „Гласен текстилец”. Нашков со партнер од Хрватска пред пет години создале фирма за рециклирање и искористување на текстилниот отпад од македонските текстилни фабрики и тоа за автомобилската индустрија во Хрватска. Но, идејата пропаднала поради актуелните закони и прописи во земјава. Тогаш не најдовме разбирање од Царинската управа, бидејќи баравме да нè ослободат од вредноста на тој отпад. Тогаш ни рекоа дека не може да се смени таа регулатива, тешко е да се организира таа промена и така тоа остана и фирмата чека некои подобри времиња. Мислам штета е тој отпад да се уништува на овој начин, како што сега го уништуваме. Прво ја загадуваме животната средина, потоа имаме огромни трошоци за него, а во целиот свет се рециклира и се прави некаков производ од него, вели Нашков.

 

Две невладини организации ФРЛЗ и „Гласен текстилец” веќе неколку години работат на рециклирање на текстилниот отпад. Шарковски од ФРЛЗ вели дека имаат истражувања и анализи за рециклирањето на текстилниот отпад. Забележува дека текстилниот отпад го гледаат не како отпад, туку како ресурс со кој може да се произведе нов производ со додадена вредност. Она што ние со овој проект го правиме е прво да ја подигнеме свеста на луѓето дека текстилниот отпад не е само отпад, туку е ресурс, репроматеријал, којшто може да овозможи економска независност на одредени социјални категории луѓе, вели Шарковски. Посочува дека подолго време од текстилниот отпад произведуваат перници за седење, украсни перници, потоа за домашни миленици и кукли за деца. Но исто така има и други начини којшто може да се употреби за изолациски панели, бехатон-плочки, широка е употребата, вели Шарковски. За време на пандемијата ангажирале текстилни работнички кои останале без работа, а по неа и лица од социјално ранливите категории кои ги шијат производите од текстилниот отпад. На истата проблематика со години работи и „Гласен текстилец”. Кристина Ампева од „Гласен текстилец” вели дека како здружение формирано од текстилни работнички имаат прилично познавање од работењето со текстилен отпад, лон-производство. Посочува дека со поддршка на фондацијата „Kvinna till Kvinna” имале можност овие две години да поработат подлабоко на тој сегмент и се однесува на вистинско економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија или задруги.

   

     

– Дополнително во време на корона-кризата многу жени од текстилниот сектор останаа без работа (самохрани мајки, хронично болни, мајки на деца до 10 години), па го видовме и на дело недостигот од тоа лон-производство во време кога никому не му беше дојдено до модни парчиња и брендови поради фактот што целиот свет беше затворен и бевме дома. Дополнително и онаа зелена агенда која ни се наметна како потреба, а во која брзата мода е на второ место како глобален загадувач, нè натера да ги следиме искуствата во светот и регионот. Нашето следење се однесуваше на: како да работиш со текстил, а да си солидно платен и имаш плата достојна за живот, како да создадеш работни места кои имаат соодветни услови и убава работна атмосфера, работни места чија мисија е профитот да биде поделен еднакво, а дел и за планирање нови работни места на жени и лица во социјален ризик, но и како да бидете одговорни кон животната средина со значително намален текстилен отпад, а воедно да придонесувате кон нови и добро платени работни места, вели Ампева. Забележува дека е потребна стратегија, но и закон за социјални претпријатија и задруги, а токму за време на корона-кризата покажаа и докажаа дека стабилни и отпорни за разлика од типичните фирми. Исто видовме и кај нас дека жени кои ги изгубија работните места во време на корона-кризата почнаа со шиење маски, торби, промотивни материјали и имаа солидни приходи откако ги изгубија работните места. Но сепак ни треба законска регулатива и следење на позитивните пракси, како на пример во Полска, фондови и поголемо разбирање од властите дека ова е модел на иднината кој е солидарен, фер, се грижи за најранливите, е општествено и социјално одговорен, а воедно и се грижи за заштита на животната средина и од отпадот се отвораат нови и платени работни места, вели Ампева. На штипската депонија завршуваат од 600 до 700 тони отпад од текстилните конфекции. Анализите на Фондацијата за локален развој на заедницата покажуваат дека на штипската депонија „Трештена скала” завршуваат од 600 до 700 тони текстилен отпад наместо да се рециклира, односно да се искористи за производство на нови текстилни производи.

Директорот на штипското комунално претпријатие „Исар”, Трајче Здравков, за МИА појаснува дека на депонијата годишно пристигнува околу 30.000 тони различен отпад, од кои потврдува дека од 600 до 700 тони се од штипските конфекции, со што во вкупниот отпад учествува со околу три проценти. Се согласува дека овој отпад влегува со 40 проценти, но ако се земе во делот на индустрсикиот отпад, кој пристигнува на депонијата од сите индустриски капацитети од Општина Штип. Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков, вели дека е добро што од 1 јануари 2023 година во сила стапува новиот Закон за употреба на текстилен отпад, масла и гуми од возила. – Според новиот Закон, член 52, градоначалникот има обврска да одреди локации на кои ќе има селектирање на овој отпад. Се планира на местата каде што ќе бидат поставени контејнери за примарна селекција, а знаете дека на повеќе локации во градот има контејнери во боја, за пластика, хартија и стакло, се надевам дека на истите тие места ќе бидат обезбедени и контејнери за одделено селектирање на текстилниот отпад, вели Везенков. Штипската депонија изминатото лето беше запалена од непознати сторители, на неа гореше секаков отпад, меѓу кој е текстилниот. Горењето на депонијата е и загадување на животната средина, а во околните села и градот се чувствуваше непријатна реа. Текстилниот отпад се користи и како енергент. Модната индустрија е еден од загадувачите на животната средина, поради несоодветната искористеност на отпадот. Маријана Ацевски-Томовска од Текстилната конфекција „Златекс”-Скопје вели дека современиот начин на живеење налага да се размислува на поинаков начин за квалитетот на животната средина. Текстилниот кластер подолго време се трудеше да изнајде начин како да се третира текстилниот отпад, а истовремено да се почитуваат еколошките стандарди. До пред извесен период целиот текстилен отпад завршуваше на депониите. Меѓутоа, со реализација на регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан”, со директна поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, се создадоа услови за користење индустриски текстилен отпад како алтернативно гориво во цементарница.

– Со овој проект, го правиме тоа на начин што го носиме текстилниот отпад во Цементарница „Усје”, каде што се согорува со многу висока температура и се претвора во гориво, а притоа не испушта штетни гасови во воздухот. Втор бенефит е тоа што во соработка со Царинската управа е поедноставена постапката за уништување на текстилниот отпад и не помалку важен бенефит е тоа што се намалени трошоците, рече Ацевски-Томовска. Директните увозници имаат капацитет да собираат и транспортираат отпад, но малите произведувачи зависат од организаторите, посочува Љупка Миладинова-Џамбазовски од текстилната конфекција „Албатрос”-Штип.  Носењето на отпадот до Цементарница треба да го организираат самите компании, така што тоа би требало да се врши редовно, а сега со новите зголемени трошоци, сепак тоа ќе биде малку поголем товар за компаниите, вели Миладинова-Џамбазовски. Според бизнис-секторот, потребна е институционална поддршка за да може проектот да заживее на целата територија, но сметаат дека ова е одлична бизнис-идеја, која ќе придонесе за чиста и здрава средина.

    

Најново

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови

Sase Ivanovski

Мицкоски ја повика ЕУ да престане со непринципиелниот однос кон Македонија

Sase Ivanovski

Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави, ќе има непроценливи штети, вели Ангелов кој смета дека треба да остане директор

Sase Ivanovski

Двајца уапсени за убиството на лекарот – мотивот не е поврзан со професијата

Sase Ivanovski

Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата

Sase Ivanovski

Измамници му зеле на кумановец 800 евра наводно за на лекар и му дале лажни дијаманти

Sase Ivanovski

СЗО: Едно од шест деца на училишна возраст е жртва на онлајн малтретирање

Sase Ivanovski

Само еднаш ќе може да се оди на гласачкото место на денот на двојните избори, одлучи ДИК

Sase Ivanovski

Запрена потрагата по малата Данка на подрачјето на Бањско поле и Брестовачка бања, но не и истрагата

Sase Ivanovski

ЗНМ поднесе претставка до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за заканите кон новинарот Адриан Керими

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Sase Ivanovski

Проширена потрагата по двегодишното девојче во Србија: вклучени се кучиња, ловџии, граѓани, дронови и хеликоптери

Sase Ivanovski

Новинарка од Финска: Нашата земја не е најсреќна на светот

Sase Ivanovski

Руските медиуми откриваат како е создадена групата која сееше смрт – терористите регрутирани на Телеграм

Sase Ivanovski

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ТРАГИ КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години – младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Sase Ivanovski

Дачиќ: Одлуката за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамна и скандалозна

Sase Ivanovski

Рускиот Истражен комитет примил 143 пријави за исчезнати лица за време на масакрот во Крокус

Sase Ivanovski

По повод Меѓународниот ден на среќата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со учениците од 23 градските средни училишта го организираа денешниот настан на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВОЈ ЖИЖЕК: ВРЕМЕ Е ЗАПАДОТ ДА СЕ СПРЕМА ЗА ДОЛГА ВОЈНА СО РУСИЈА, ЗАТОА ШТО ПУТИН Е НОВИОТ ХИТЛЕР А РУСИЈА Е НОВАТА НАЦИ ГЕРМАНИЈА

Sase Ivanovski

Џафери: Подобрата училишна инфраструктура е влог во одржувањето во живот на руралните средини

Sase Ivanovski

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст

Sase Ivanovski

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По само две минути од исчезнувањето на малата Данка, „Пунто“ со голема брзина поминува на улицата

Sase Ivanovski

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне

Sase Ivanovski

Тошковски: И покрај опструкциите, ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Sase Ivanovski

15 предмети оформени по иницијатива на Уставниот суд на дневен ред на денешната седница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПСТАНОКОТ НА ИЗРАЕЛ Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ ШТОМ ПОЧНАА ДА СЕ РЕГРУТИРААТ И ГЕЈМЕРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ВИЕ ИМАТЕ СТРЕСНА РАБОТА, ОВОЈ ПИЛОТ ИМА ТЕСТИСИ ОД ТИТАНИУМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, ОД СИТЕ ПАРТИИ, СЕ ОБИЧНА БАГРА ЛОПОВСКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: АМБАСАДИТЕ НА ЕУ И САД СЕ ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ ЗА ОВА СРАЊЕ ВО КОЕ СЕ НАОЃАМЕ КАКО ДРЖАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ЕУ ТРЕБА ДА ГО ЗАБРАНИ УПОТРЕБАТА НА ЗБОРОТ ЕВРОПСКИ, НА СЕКОЈА БУДАЛА ШТО ЌЕ МУ ТЕКНЕ ПРАВИ СОЈУЗ И ГО КРСТИ ЕВРОПСКИ

Sase Ivanovski

СДСМ ЗА ПРОГРАМАТА НА ВМРО ДПМНЕ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

Sase Ivanovski

По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОУ НА АРСИМ ЗЕКОЛИ НА ТВ 24: ВЛЕЗОТ ВО НАТО Е КАКО ДА ОДИШ ДА СЛУЖИШ ВОЈСКА, РЕЧИСИ СЕКОЈ ГО МОЖЕ ТОА, НО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Е КАКО ДА СЕ ВРАБОТИШ ВО ЈАКА ФИРМА, ЗА ТОА ТРЕБА ДА ИМАШ МАЛКУ ВО ЛЕЈКАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ГРЦИЈА МОЛИ БОГА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ЧЕПКАМЕ ВО ПРЕСПАНСКИ, НЕ САМО ШТО ЌЕ ОСТАНЕМЕ СО СЕВЕРНА, МОЖЕ ЌЕ ГО ИЗГУБИМЕ ПОИМОТ МАКЕДОНИЈА КОМПЛЕТНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Нова програма на СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Sase Ivanovski

НОВО ВИНО НА ТИКВЕШ, СЕ ВИКА ЛУДА МАРА

Sase Ivanovski

ОВА ЛИ Е ТОА ШТО ГО ВИКААТ 3D ШАХ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АРСИМ ЗЕКОЛИ: НАШИТЕ ОЛИГАРСИ СЕ НАЈЛОШИ НА СВЕТОТ, НЕСПОСОБНИ ШАРЛАТАНИ, АМА ВЛАДЕАТ СО ДРЖАВАТА, ЗАТОА ДРЖАВАТА НИ Е ЗА НИКАДЕ!

Sase Ivanovski

Полицијата ѝ го одзеде телефонот на мајката на исчезнатото дете

Sase Ivanovski

СИМОНОВСКА: Со особена чест и задоволство на 18тиот роденден на НСДМ му ја предавам функцијата на новиот претседател на НСДМ Иван Трајковски

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот Мисовски со главните државни ревизори на Северна Македонија и на Полска

Sase Ivanovski

Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево, досега изработен е околу 12,5 километри цевковод од вкупно предвидените 14,5 километри цевковод

Sase Ivanovski

ТРИФУН КОСТОВСКИ: МИ СЕ ДОПАЃА ПРОГРАМАТА НА ВМРО ДПМНЕ, АМА НЕ ГЛЕДАМ ИСКУСНИ КАДРИ КОИ ЌЕ ЈА СПРОВЕДАТ ВО ПРАКСА

Sase Ivanovski

Компарација меѓу скопски дијалект и стандарден, литературен македонски јазик

Sase Ivanovski

Китески: Кривична пријава против Крлеска-Деспотоска, раководител на Централен регистар во Охрид заради фалсификувани документи

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 10 ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ ПЛАНИНИ НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА

Sase Ivanovski

Габриела Кулебанова: Сивата економија сериозно го поткопува легалниот бизнис

Sase Ivanovski

ДИК усвои Упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот

Sase Ivanovski

Ванковска контра Муцунски: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Загрижени родители утрово ни испратија видео од основно училиште во Центар

Sase Ivanovski

Мицкоски и Силјановска на средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Sase Ivanovski

Села и Лога не го прифаќаат ултиматумот од „Вреди“ да се премислат до сабота и да ги добијат печатите на АА за самостоен настап

Sase Ivanovski

Сретен Миладиноски, директор на Агенција за пошти: Државната пошта работи по застарен метод и со опрема каква што веќе нема никаде

Sase Ivanovski

Русија го додаде ЛГБТ движењето на листата на терористи и екстремисти

Sase Ivanovski

СИН ТИНЕЈЏЕР ГО ИСТЕПАЛ СВОЈОТ ТАТКО – сега е зад решетки

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Сите пензионери ќе добијат 5000 денари поголема пензија, во рок од една година од формирањето на новата Влада.

Sase Ivanovski

Ковачевски: За 300% ги зголемивме платите во државата

Sase Ivanovski

„ТАЧИ ВЕЛЕШЕ ДЕКА АЛИ АХМЕТИ Е ПРЕДАВНИК И ИЗНАЈМЕН УБИЕЦ“: еве што кажа Хајредини за најавената коалиција меѓу албанските лидери

Sase Ivanovski

Германски аналитичар смета дека ако Украина загуби, милиони бегалци ќе пристигнат во Европа

Sase Ivanovski

ВАЛКАНОТО ГОРИВО Е ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА? Нуркачите ја испитуваат „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор

Sase Ivanovski

Д-р Тренчева: Магарешката кашлица не се лекува со магарешко млеко

Sase Ivanovski

ПРИЈАТЕЛСКА РАЗДЕЛБА Еве што одговори Иванишевиќ на објавата од Ѓоковиќ

Sase Ivanovski

Русија користи нови хиперсонични ракети „Циркон“ за да напаѓа цели во главниот град на Украина

Sase Ivanovski

ИСИС РЕГРУТИРА НОВИ ЧЛЕНОВИ ПРЕКУ ТИК-ТОК И ТЕЛЕГРАМ Грција го вклучи алармот по терористичкиот напад во Москва

Sase Ivanovski

13 ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ЕДНО ДВИЖЕЊЕ Лидерот на СДСМ потпиша договор за формирање „Коалиција за европска иднина“

Sase Ivanovski

ПУТИН НАРЕДИЛ ЛИКВИДАЦИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ? На списокот за отстрел се уште две „големи ѕверки“ во Киев

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ НЕМА ДА МУ ПРОСТАТ НА БУЈАР ОСМАНИ ЗА „МОНСТРУМ“

Sase Ivanovski

ПОЛИЦАЕЦ ИМ ПОМАГАЛ НА ПУКАЧИТЕ ПРЕД КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО Времено ќе му се одземе оружјето и ќе се избрка од работа

Sase Ivanovski

Пендаровски ги прими учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Sase Ivanovski

ЌЕ ГРМИ, ЌЕ ДУВА, ЌЕ ИСТУРА Денеска нѐ очекува дождлив ден со силен ветер и грмотевици

Sase Ivanovski

ШПИОН БРИШЕ ДОСИЕЈА ВО ПОЛИЦИЈАТА НА ЕУ? Исчезнаа податоците за високи службеници од Европол

Sase Ivanovski

МАЛОЛЕТНИЦИ ДИВЕАТ НИЗ СКОПЈЕ Двајца фатени во кражба, други пријавени за насилство

Sase Ivanovski

Советот на Европа ќе одржи седница на 27 март за прием на Косово

Sase Ivanovski

Демири: Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што го усвои националниот акциски план за здравствена безбедност (НАПЗБ)

Sase Ivanovski

Истражување: Волците од Чернобил се поотпорни кон рак

Sase Ivanovski

Изгореа 4.000 пилиња во полошко Камењане

Sase Ivanovski

Кенија: Стотици следбеници на секта биле наведени на самоубиство

Sase Ivanovski

Средствата за изградба на автопатот Кичево-Охрид остануваат 598 милиони евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....