Членот 6 од кодексот на новинарите гласи:
Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.
Она што го прават овие денови Телма а Алфа го прават веќе со години се коси со овој член од кодексот на новинарите. Телма одработува за Макпетрол кој ја поседува телевизијата и ја малтретира владата практично де факто ја рекетира владата да купува енергенси од Макпетрол. Дури не се ни срамат иако би можеле да ја рушат на друга основа на други теми а да молчат за енергенсите но тие и тоа дури ги мрзи да го одиграат до толку се дрски па после глумат и жртви?!
Алфа телевизија пак е поседувана од матни инвеститори од Унгарија каде е избеган Груевски?!?! Практично се работи за партиска телевизија и цело време одработува за ВМРО ДПМНЕ, води војна во владата со паника хистерија и лажни вести а во исто време таа хистерија ја нема за локалната власт која е во рацете на ВМРО ДПМНЕ?!?! И ова е кршење на членот 6 од кодексот на новинарите.
Дури и Канал 5 е вклучен во битка со владата затоа што константно бараат од владата да го врати владиното рекламирање а во исто време газдите градат објект на местото на старо Беко за што општина Центар не им издаде дозвола па Стојменов сега има кривична пријава, во исто време неговата штедилница веќе подолго време бара дозвола за банкарско работење, значи и тука има еден вид на рекетирање кон владата и затоа секој ден на телевизијата е Латас, Бетмен, Пандов и редица други пулени на ВМРО ДПМНЕ кои шират лаги паника и хистерија за владата.
Нели порталите беа главен проблем во земјава, изгледа дека најголем проблем сепак се телевизиите, големи медиуми големи буџети големи интереси?!