Доктор Давидовски посочува дека има решение и за променетиот вкус и мирис на водата во есенскиот период, кој настанува како резултат на гниење на лисјата во Лешничка река, чија вода ја користи новиот водовод.„И после филтрацијата може да имаме третман на водата. Таа може да се кондиционира, зборуваме за речна вода, а најдобро е тоа да се направи со озонирање.Технички тешко е изводливо озонирањето, но ние последователно кажуваме дека корекција на водата може да се изврши и со активен јаглен, пред да влезе водата во филтер станицата, на тој начин ќе добиеме вода без променет мирис и вкус“, вели д-р Ратко Давидовски.Овие препораки доктор Давидовски, вели дека како Центар за јавно здравје Тетово постојано ги даваат до надлежните. Но, засега од градските власти, ниту пак од ЈКП Тетово, нема некои најави за спроведување на истите.Новиот водовод, засега ќе се користи, само ако водата во реката е бистра.
Освен заматување на водата, новиот водоснабдителен систем кој се градеше две децении, се соочува и со чести дефекти особено во зимскиот период, причина што тетовци остануват без вода за пиење.Од ЈКП Тетово, велат дека нивни екипи се постојано на шарпланинскиот терен, каде вршат контроли на новиот водоснабдителен систем, Оттаму се надеваат дека водоводот во текот на зимава ќе биде во добра кондиција, дефекти ќе има, но не со толку големи размери. Градоначалникот на Тетово Билал Касами, неодамна изјави дека е направена анализа за проблемите со новиот водоснабдителен систем,но без да прецизира колку и какви проблеми покажала таа анализа.