Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на патот Битола-Прилеп, а неофицијално се јавува дека во несреќата има една жртва.
АМСМ соопшти дека од 20:10 часот, сообраќајот на регионалниот пат кај местото „Беровци“ кај бензинската пумпа поради несреќата се пренасочува по стариот пат. Повеќе информации се очекуваат од МВР.