,,Јас не сакам востание со луѓе кои ќе ме напуштат при првиот неуспех, јас сакам револуција со граѓани кадарни, да ги понесат сите искушенија, на една долготрајна борба, каква поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата“-ова е порака на Делчев запишана од пред скоро два века која и денеска во 21 век е актуелна за Македонија и е мотивирачка за нас, неговите следбеници кои имаме обврска да ја градиме нашата држава и бескомпромисно да се вложуваме во зацртаниот пат на развој и просперитет, во патот за влез на нашата држава во европското семејство.
Денеска го чествуваме денот на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба и патронот на Делчево. Во таа чест се поклонуваме пред Делчев и достоинствено оддаваме почит на неговиот лик и дело.
Како следбеници на ликот и делото на Делчев ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Делчев е револуционерот кој обединува, а не разединува. Делчев е лик од кој треба да учиме како да ја сакаме и да ја градиме нашата општина и нашата држава.Учејќи од него, продолжуваме по патот на прогресот, градејќи достоинствена македонска држава.
Нека му е вечна слава!!!