Обвинители од Турција почнаа истрага за палењето на Куранот во европски земји. Тие отворија истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија. Ги теретат дека извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето. Претходно, данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред Турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.