Oд Малатија пристигнува информацијата дека целиот одбојкарски тим на Малатиа Метрополитен Беледиеспор се наоѓал во хотел кој комплетно се урнал и судбината на спортистите засега е непозната. Медиумите соопштуваат дека четири лица се извлечени од под урнатините, а по останатите се уште се трага. Одбојкарската федерација на Турција соопшти дека сите натпревари се одложени до дополнително известување.