-Од една страна замразнуваат цени, а од друга страна Уставен суд носи одлука со која што само на функционерите им се поврзува платата со просечната плата и само функционерите добиваат огромно зголемување на плати. Процентуално изразено е 78 отсто покачување на нивните плати. Тоа во државата никогаш не го имало – рече Деаноски.Тој посочи дека моментално вредноста на коефициентот со која се пресметуваа овие плати беше 26.700 денари.
-Сега со оваа одлука на Уставен суд се враќа на вредност од 47.637 денари кој се множи со коефициент. Моментално избраните и именуваните функционери, како што се претседател на Влада, претседател на Собрание, претседател на држава, кои имаат најголем коефициент ќе имаат над 1.500 евра нето плата – додаде тој.