7.8 C
Скопје
29/03/2024 03:20
МАКТЕЛ

      

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

      

   

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), кој во моментов просториите ги дели заедно со уште три субјекти и е единствениот факултет за физичка култура во регионот кој нема свој спортски комплекс.
Новите домови во кои треба да се вселат овие два факултета при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје останаа недоградени, откако фирмата изведувач отиде во стечај. Годинава, надежите дека изградбата ќе продолжи повторно се вратија, а барокниот изглед што требаше да го добијат се чини дека ќе остане само нереализирана замисла.

 

Изградбата на двата објекта започна во декември 2015 година како дел од проектот „Скопје 2014“. Двете згради за кои беше предвидено да бидат во барокен стил, требаше да ги решат проблемите на факултетите кои со години опстојуваа во лоши услови. Изведувач на градбата беше фирмата „Бетон-Штип“, но откако во јули 2019 година отиде во стечај, изградбата прекина.ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во земјава – според податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени во јули минатата година, на овој факултет биле запишани 4.145 студенти. Бројката годинава се зголеми за уште околу 1.100 бруцоши, што значи дека, не сметајќи ги оние што дипломирале во меѓувреме, на ФИНКИ во моментов се образоваат речиси 5.000 студенти.

   

     

И покрај тоа што информатиката е веројатно најпросперитетната наука денес, единаесет години откако започна со работа, факултетот сè уште нема свој сопствен објект. За потребите на наставата, ФИНКИ користи простории на други факултети, што пак на професорите и студентите им создава проблеми.Онлајн наставата изминатите две години ја омекна итноста на проблемот, но сега откако ковид-пандемијата стивна и студентите почнаа да се враќаат на настава со физичко присуство, проблемите почнуваат да испливуваат на површина.
Поради недостатокот на училници, во моментов за задолжителните предмети на ФИНКИ се одржуваат физички предавања, додека најголемиот дел од изборните предмети студентите ги следат онлајн, вели претседателката на Факултетското студентско собрание на ФИНКИ (ФСС ФИНКИ), Весела Трајковска. Според неа, училниците кои во 2019 година, пред пандемијата, биле достапни за нив, денес не се доволни. Факултетот во моментов користи простории на Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а од оваа академска година и на Педагошкиот факултет.

„Најпрво, секогаш мора да бидеме флексибилни на останатите распореди за предавања и испитни сесии, како и во однос на бројот на предавални кои ни се ослободени за користење. Предавањата на техничкиот кампус се одвиваат од 8 часот сабајле до 20 часот навечер, бидејќи нема доволно училници за сите да се распоредат во рамки на класично работно време до 16 или 17 часот. Во последните неколку години сè повеќе и повеќе се зголемува бројот на примени студенти на ФИНКИ, така што училниците кои биле достапни за нас во 2019 година веќе во 2022 не се доволно, и покрај фактот што добивме плус 4 училници од Педагошки факултет“, вели Весела Трајковска.
Според неа, потребата за сопствена зграда на ФИНКИ е недебатлива и е нешто што му треба на факултетот со самото негово создавање и им следува на студентите со самото запишување.

„Кампуси на факултети за информатички науки располагаат со голем број лаборатории за користење на студентите, читални, односно простории за самостојно или групно учење, кафетерии, бифеа и така натаму. Во тие лаборатории или читални можат да инвестираат многу софтверски компании кои сакаат да се промовираат меѓу студентите, со цел да има навистина квалитетна опрема. Во моментов, сметам дека ова не се случува често на ФИНКИ бидејќи лабораториите не се наши и се привремени, па на компаниите не им е исплатливо да инвестираат во просторија која за 3 или 5 години од сега може да не биде воопшто потребна на овој кампус, бидејќи ФИНКИ се преселиле во новата зграда. Истото важи и за продавници за храна, кафулиња, ресторани и кафетерии“, вели Трајковска.
Компјутерските науки можеби и можат да се студираат онлајн, но не и спортот. Огромна потреба да добие свои простории има и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој факултет минатата година учеле вкупно 455 студенти, од кои 340 биле редовни. За теоретска настава на сите овие студенти, професорите имаат на располагање само еден амфитеатар, а во просторот каде што се наоѓа факултетот, покрај него функционираат и спортската гимназија – Државното училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ и Спортската академија.За потребите на дел од предметите, факултетот користи и објекти под закуп на различни локации во Скопје.

„Објектите за реализација на наставата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ги делиме со уште три субјекти. Особено е критична состојбата со реализација на теоретската настава каде што сме сведени истата да ја реализираме во само еден амфитеатар. Факултетот за физичко образование, спорт и здравје е единствен факултет во регионот кој нема свој спортски комплекс. За потребите на наставата по предметите Пливање со ватерполо и Атлетика користиме објекти под закуп – за реализација на предметот Пливање со ватерполо студентите наставата ја реализираат на Базенот Карпош, додека за реализација на наставата по предметот Атлетика се користи Воениот стадион и Арената ‘Тоше Проески’“, вели професорот и проректор за настава на ФФОСЗ, Борче Даскаловски.

Деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, не одговори на прашањата на Мета.мк за тоа со какви проблеми се соочува факултетот во моментов и какви сознанија има околу изградбата на новата зграда.
Студентите на овие два факултета се надеваат дека нивните факултети ќе добијат објекти каде ќе можат да се образоваат, иако малку е веројатно сегашната генерација студенти да се „вселат“ во планираните згради кај општествениот кампус на УКИМ.Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во декември рече дека во 2023 година ќе продолжи изградбата на зградите на двете високообразовни установи. Мета.мк се обрати со прашање до Министерството за образование и наука (МОН) со прашања за тоа до каде е ваквата постапка, од каде одговорија дека ги ревидираат проектите.

„Во тек е ревидирање на проектите за изградба на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, а целта е да се отстранат одредени позиции кои се дел од естетиката на објектите, а не се поврзани со функционалноста, со цел да се намалат непотребните трошоци во услови на економска криза. Откако ќе заврши ревидирањето, ќе се спроведе и постапка за јавна набавка, со цел избор на економски оператор кој ќе ја доврши изградбата“, велат од МОН.
Според одговорот на министерството, може да се заклучи дека барокниот изглед во кој „Бетон-Штип“ требаше да ги изгради овие објекти, сепак нема да го дочека светлото на денот.
Останува да се види какво решение за изглед ќе добијат двете згради и кога ќе биде распишан тендерот за избор на компанија што ќе ја продолжи изградбата на објектите на ФИНКИ и ФФОСЗ.
Инаку, во буџетот на Министерството за образование и наука за годинава се предвидени 21,6 милиони денари за продолжување на реализацијата на оваа инвестиција.

    

Најново

Започнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности

Sase Ivanovski

Пендаровски: Соживотот е наша најголема вредност, а Ифтарската вечера е можност за негово продлабочување

Sase Ivanovski

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Sase Ivanovski

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Sase Ivanovski

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организираше трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи и враќање на дигнитетот на дипломатијата и заштита на Македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила – зајакнати капацитетите во изминативе години

Sase Ivanovski

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари го претстави вториот дел од кабинетот на претседателот

Sase Ivanovski

Нема легализација на дивоградби со новиот Закон за управување со Охридскиот регион, вели министерката за култура

Sase Ivanovski

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Sase Ivanovski

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци и ќе има пари за се што треба, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите

Sase Ivanovski

Герхард Шредер ги повика Франција и Германија да преземат иницијатива за решение во Украина

Sase Ivanovski

Откриена дупка на местото каде исчезна малата Данка: Итно се упатија пожарникари – сите треперат и го чекаат исходот

Sase Ivanovski

Се огласи возачот на „Пунтото“ кое е снимено на камера кога исчезнала Данка: Го видов девојчето, беше во дворот на соседот

Sase Ivanovski

ГИ НЕМА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ, АНЕ ЛАШКОСКА И ИГОР ЈАНУШЕВ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ Е ВИСОКОТО МЕСТО ЗА ВНУКОТ НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ – ВМРО-ДПМНЕ ГИ УТВРДИ ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ Еве кои се кандидатите за пратеници на опозицијата за новиот парламентарен состав

Sase Ivanovski

1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ОПШТИНИТЕ ЗА ЕДЕН МАНДАТ Мицкоски вети годишна помош од 250 милиони евра за локалните власти

Sase Ivanovski

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Sase Ivanovski

Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Sase Ivanovski

Општините ќе конфискуваат место да уриваат дивоградби

Sase Ivanovski

МОНТАЖИ, НАВРЕДИ, ИЗМИСЛИЦИ, КЛЕВЕТИ Не очекувам власта да престане со црната кампања, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Sase Ivanovski

Вратен и третиот мандат за формирање влада, Бугарија ќе се подготвува за нови избори

Sase Ivanovski

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Sase Ivanovski

Стоилковски: Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објект, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, ќе ги усвои

Sase Ivanovski

Николовски на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“: Oваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени

Sase Ivanovski

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99, 98 отсто поддршка на Конгресот на партијата  

Sase Ivanovski

Јакимовски: Подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам

Sase Ivanovski

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво

Sase Ivanovski

Паднал договор Села – Ахмети, пет сигурни пратеници за Алијанса?

Sase Ivanovski

Лазар Ристовски (71) на Малдиви со 39 години помладата девојка: „Тој ме води, јас не прашувам каде“

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА МАЛАТА ДАНКА НЕ ПОКАЖУВА НИКАКВИ ЕМОЦИИ!? Нејасно е и зошто дошла со децата во напуштената викендичка во која не била со години

Sase Ivanovski

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании 

Sase Ivanovski

ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ НАЈАВИЈА 48-ЧАСОВЕН ШТРАЈК Застој на граничните премини во Грција на 2 и 3 април

Sase Ivanovski

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023, вложивме пет милиони денари во реновирање на Полициско одделение Ростуше

Sase Ivanovski

Пресврт во случајот со европските пари – Лидија Димова беше линчувана за „фризерниците“ и „магарињата“, а ОЛАФ бара да се вратат 2,2 милиони евра од нејзината пријава!

Sase Ivanovski

Бојмацалиев за истрагата за убиството на лекарот: Имаме приведено и трето лице, ќе се врши полиграфско испитување и совпаѓање на доказите

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ОТВОРА ШТАБ ВО СЕКОЕ СЕЛО И МААЛО ВО АМЕРИКА, ЌЕ СЕ СОБЕРАТ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА КАМПАЊА ВО ИСТОРИЈАТА, ДЕМОКРАТИТЕ НА БАЈДЕН ЈА ПОЧНУВААТ НАЈГОЛЕМАТА ПОЛИТИЧКА ТЕРЕНСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА САД: ВЛОГОТ Е ГОЛЕМ, ОПСТАНОК НА САД И ЗАПАДНИОТ ДЕМОКРАТСКИ СВЕТ

Sase Ivanovski

Демири и Манолева: Болницата Св.Еразмо во Охрид пример за установа која вложува во нова опрема и зајакнување на кадарот

Sase Ivanovski

АЈ ДА СЕ НАСМЕЕМЕ МАЛЦЕ, ИДЕ ВИКЕНД

Sase Ivanovski

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината

Sase Ivanovski

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Целосно ги демантираме невистините изнесени во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук од страна на „Прес24“ во врска со езерцето во Градскиот парк во Скопје

Sase Ivanovski

Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан, без попречувања од билатерални спорови

Sase Ivanovski

Мицкоски ја повика ЕУ да престане со непринципиелниот однос кон Македонија

Sase Ivanovski

Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави, ќе има непроценливи штети, вели Ангелов кој смета дека треба да остане директор

Sase Ivanovski

Двајца уапсени за убиството на лекарот – мотивот не е поврзан со професијата

Sase Ivanovski

Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата

Sase Ivanovski

Измамници му зеле на кумановец 800 евра наводно за на лекар и му дале лажни дијаманти

Sase Ivanovski

СЗО: Едно од шест деца на училишна возраст е жртва на онлајн малтретирање

Sase Ivanovski

Само еднаш ќе може да се оди на гласачкото место на денот на двојните избори, одлучи ДИК

Sase Ivanovski

Запрена потрагата по малата Данка на подрачјето на Бањско поле и Брестовачка бања, но не и истрагата

Sase Ivanovski

ЗНМ поднесе претставка до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за заканите кон новинарот Адриан Керими

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Sase Ivanovski

Проширена потрагата по двегодишното девојче во Србија: вклучени се кучиња, ловџии, граѓани, дронови и хеликоптери

Sase Ivanovski

Новинарка од Финска: Нашата земја не е најсреќна на светот

Sase Ivanovski

Руските медиуми откриваат како е создадена групата која сееше смрт – терористите регрутирани на Телеграм

Sase Ivanovski

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ ТРАГИ КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години – младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Sase Ivanovski

Дачиќ: Одлуката за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамна и скандалозна

Sase Ivanovski

Рускиот Истражен комитет примил 143 пријави за исчезнати лица за време на масакрот во Крокус

Sase Ivanovski

По повод Меѓународниот ден на среќата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со учениците од 23 градските средни училишта го организираа денешниот настан на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВОЈ ЖИЖЕК: ВРЕМЕ Е ЗАПАДОТ ДА СЕ СПРЕМА ЗА ДОЛГА ВОЈНА СО РУСИЈА, ЗАТОА ШТО ПУТИН Е НОВИОТ ХИТЛЕР А РУСИЈА Е НОВАТА НАЦИ ГЕРМАНИЈА

Sase Ivanovski

Џафери: Подобрата училишна инфраструктура е влог во одржувањето во живот на руралните средини

Sase Ivanovski

Тренчевска: Добрите навики се стекнуваат од најрана возраст

Sase Ivanovski

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По само две минути од исчезнувањето на малата Данка, „Пунто“ со голема брзина поминува на улицата

Sase Ivanovski

Кулеба: Северна Македонија е добар пријател на Украина, направи многу да ни помогне

Sase Ivanovski

Тошковски: И покрај опструкциите, ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Sase Ivanovski

15 предмети оформени по иницијатива на Уставниот суд на дневен ред на денешната седница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПСТАНОКОТ НА ИЗРАЕЛ Е ДОВЕДЕН ВО ПРАШАЊЕ ШТОМ ПОЧНАА ДА СЕ РЕГРУТИРААТ И ГЕЈМЕРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ВИЕ ИМАТЕ СТРЕСНА РАБОТА, ОВОЈ ПИЛОТ ИМА ТЕСТИСИ ОД ТИТАНИУМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: НАШИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, ОД СИТЕ ПАРТИИ, СЕ ОБИЧНА БАГРА ЛОПОВСКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: АМБАСАДИТЕ НА ЕУ И САД СЕ ГЛАВНИ ВИНОВНИЦИ ЗА ОВА СРАЊЕ ВО КОЕ СЕ НАОЃАМЕ КАКО ДРЖАВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ЕУ ТРЕБА ДА ГО ЗАБРАНИ УПОТРЕБАТА НА ЗБОРОТ ЕВРОПСКИ, НА СЕКОЈА БУДАЛА ШТО ЌЕ МУ ТЕКНЕ ПРАВИ СОЈУЗ И ГО КРСТИ ЕВРОПСКИ

Sase Ivanovski

СДСМ ЗА ПРОГРАМАТА НА ВМРО ДПМНЕ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

Sase Ivanovski

По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОУ НА АРСИМ ЗЕКОЛИ НА ТВ 24: ВЛЕЗОТ ВО НАТО Е КАКО ДА ОДИШ ДА СЛУЖИШ ВОЈСКА, РЕЧИСИ СЕКОЈ ГО МОЖЕ ТОА, НО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Е КАКО ДА СЕ ВРАБОТИШ ВО ЈАКА ФИРМА, ЗА ТОА ТРЕБА ДА ИМАШ МАЛКУ ВО ЛЕЈКАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКОЛИ: ГРЦИЈА МОЛИ БОГА ДА ПОЧНЕМЕ ДА ЧЕПКАМЕ ВО ПРЕСПАНСКИ, НЕ САМО ШТО ЌЕ ОСТАНЕМЕ СО СЕВЕРНА, МОЖЕ ЌЕ ГО ИЗГУБИМЕ ПОИМОТ МАКЕДОНИЈА КОМПЛЕТНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Нова програма на СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Sase Ivanovski
Вчитувам....