„До сега гледав каде јавно овој градоначалник излегува и ги фали проектите на Владата кои се реализираат во општина Куманово, но досега не сум видел ниту еден конкретен проект што е реализиран со сопствениот буџет на општината за граѓаните Албанци на општина Куманово“, рече Шабани.
Конкретно за гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, Шабани вели дека неколку пати се издвојувале средства, но дека првиот човек на оваа општина нема доставено градежна дозвола и конкретен проект за изградба на ова училиште.
„Наидовме на крајно екстремна бирократија од страна на градоначалникот кој ја блокираше градежната дозвола и не го достави проектот за гимназијата“, рече меѓу другото Шабани.Шабани ги повика советниците на Алијансата за Албанците и оние на Алтернативата да се здружат со ДУИ, за да го спречат Димитриевски да добие мнозинство во Советот на општината.
„Во моментов опозиција на Советот на општината се само советниците на ДУИ и во овој случај ги поканив сите други советници, кои се од партијата Алтернатива, партијата Алијанса за Албанците, како што знам има и Албанец, општински советник кој е во СДСМ, но освен тој советник, само советниците на Алтернатива, Алијанса за Албанците и ДУИ ќе го спречат мнозинството во Советот на општината за Максим Димитриевски“, рече Шабани.