-По децении на молк, страв и политичка заштита, државата започнува да го расчистува најтемниот дел од својата пост-транзициска ера. Со интегритет, решителност и координирано институционално дејствување, се иницира демонтажа на длабоко вкоренетата политичко-криминална структура која со години ја пљачкаше државата одвнатре, вели Јанев.
Директорот на БЈБ, додава дека години наназад, одредени бизнис елити, поврзани со политички и економски центри на моќ, потпомогнати од поединци вработени во државната администрација, создавале цел систем на недопирливост, монопол и влијание.
-Луѓе за кои беше јавна тајна дека делуваат во сенките на државата, штитени од врвот на политичко-бизнис пирамидата, денес конечно се повикуваат на одговорност. Тие не се само лица – тие се симболи на епохата на институционализирана злоупотреба, системско државно ограбување и уривање на правдата, вели Јанев.Тој појаснува како биле злоупотребени над 94 милиони евра.
-Под маската на легален профит, преку фиктивни прикажувања на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ, конструирајќи трансакции кои никогаш не постоеле. Монтирани државни исплати потоа завршувале во приватни џебови. Првичните проценки се дека државата е оштетена за над 4 милијарди денари – средства што требале да завршат во здравство, образование, безбедност и инфраструктура, а не на приватни сметки и во луксузни имоти, појаснува Јанев.Извор: ФокусФото: МВР