17 РАБОТИ ЗА ЖИВОТОТ КОИ ЌЕ ГИ ДОЗНАЕТЕ КОГА ЌЕ ПОРАСНЕТЕ А ЌЕ ВЕ ФАТАТ НА ПРЕПАД

1. Немањето на цел во животот. Кога сте млади функционирате од еден тест до следен тест по математика физика итн, потоа кога сте студенти од испит до испит и кога ќе завршите и ќе се вработите, одеднаш сите планови ги снемува и секој ден почнува да личи ист како претходниот, станувате како во филмот ДЕНОТ НА ДАБАРОТ, КУЌА ПОСО – ПОСО КУЌА…

2. Колку е се скапо, иако како млади имате соништа дека ќе го свртите светот и ќе ги имате сите работи што ги посакувате, сепак ќе мора да се соочите со горчливата вистина дека веројатно ќе го поминете животот скромно па дури и да заработувате повеќе од добро пак нема да може да си ги дозволите работите за кои сте сонувале како деца и млади…

3. како старееме телото почнува да откажува. Порано како млади ќе можевме да си дозволиме да не спиеме со денови, да правиме тешки пијанки и да се впрегнуваме во големи физички потфати со часови, како старееме телото почнува полека да откажува и догорите и аптекарите ни стануваат преокупација…

4. Немањето доволно време за себе и за тоа што те прави среќен. Кога си млад немаш работа и денот ти се чини како да трае цела вечност, кога ќе почнеш да работиш и ќе имаш деца и фамилија слободно време имаш 10 минути пред да заспиеш скршен од работа…

5. Колку е важно да си дружељубив за да успееш во животот. Кога сме млади не учат самите да се бориме во животот, како најважно е да сме вредни, талентирани, чесни но како раснеме се навикнуваме на тоа дека најуспешни се оние кои имаат најмногу пријатели, конекции, харизма а не тие што се најдобри во една професија…

6. Кога сме млади готвиме ретко и тоа ни е многу забавно. како старееме, готвењето станува напорно, рутина и една од работите кои многу замараат… Секое одење во ресторан за друг да ви готви ќе го сметате како кралско поминато време…

7. Грижата за родителите кои ќе се разболат и ќе умрат и мораш да се погрижиш за сето тоа, ментално, физички, финансиски… За тоа никој не ве спрема во животот кога сте млади…

8. Долговите и штедењето. Кога сме млади парите ни се нешто страно, некој ни ги дава само да ги трошиме или па ги немаме и наоѓаме некои алтернативи. Кога си стар мораш да внимаваш на долговите на штедењрто на трошењето и дури и да заработуваш добро ако се опуштиш малце и не внимаваш лесно можеш да завршиш на улица како бездомник…

9. Никој не не спрема дека она што се случува во школска училница ќе се случува и на работните места додека сме живи, значи оговарања зад грб, малтретирања, групирања, стереотипи, најпопуларен најмалку популарен на работа, лигуши, борци за правда, неправди…

10. Потрагата по среќа е толку тешка и компилицирана. Треба да најдеш нешто за што те бива, нешто од што можеш да заработиш и на крај да увидиш дали тоа те прави среќен за да можеш да издржиш ментално секој ден да го работиш тоа по најмалку 8 часови на ден, за тоа никој не не спрема ментално кога сме млади…

11. Потребата да најдеш свој ритам да спиеш ноќе и покрај проблемите за да бидеш буден дење, изгледа толку лесно но некогаш е речиси невозможно да се реализира во стварност. Некогаш сонот тешко доаѓа особено сега со интернет 24/7 и компулсивното гледање филмови или тв серии кои ги има на нет од прва до последна епизода.

12. Сите пријатели за кои си мислел дека ќе ги имаш цел живот, или ќе се разделите поради кариера или поради несогласување со нивните брачни партнери или ќе починат пред време, на крај сите остануваме сами…

13. Одлуката да се има или да се нема деца е толку тешка одлука, општеството ги гледа тие што немаат деца како да се вонземјани…

14. Колку повеќе живееш се помалку време имаш за што и да било, времето се побрзо лета, имаш чувство дека животот си го поминал бесцелно и промашено…

15. Дека треба да се научиш да функционираш и кога нешто те боли, порано како деца само чекаме нешто да не заболи за да не одиме во школо, кога ќе пораснеме болката е дел од животот, редовно нешто те боли и научуваш да живееш со тоа…

16. Превработеност. Порано мислиш дека нема лимит за се што можеш да постигнеш, но кога ќе пораснеш сваќаш дека не е се само во повеќе енергија и повеќе време посветено на нешто, сфаќаш дека телото има лимит и психата има лимит и мораш да бидеш паметен и снаодлив како да дојдеш до целта без да се прегориш…

17. Лесно е на филм да дадеш отказ на работа и да побараш развод од брачниот партнер кој не е совршен во потрага по совршен живот, но во реален живот малку повеќе алчност и перфекционизам и можеш да завршиш сам на улица без фамилија и без работа … Многу луѓе се помируваат со несовршена работа и несовршен брак од страв да не останат без ништо…

tải sunwin

sunwin

tải sunwin sunwin web sunwin club

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu tải sunwin apk

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin