20 -годишнината од Охридскиот договор ја одбележа и општина Чаир

Активностите за одбележување на 20 -годишнината од Охридскиот рамковен договор продолжија денеска со Панел-дискусија „Фискална децентрализација“ во општина Чаир, која е еден од столбовите на
Охридскиот договор.

Учесниците на панел дискусијата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу заеднички го истакнаа постигнатиот напредокот во Чаир и во сите други општини во служба на квалитетот на животот на граѓаните, нагласувајќи како заеднички предизвик на „По Охрид“ зајакнувањето на локалните капацитети за поголема оперативна ефикасност и унапредување на процесот на децентрализација како еден од столбовите на Охридскиот договор.

„Потеклото на Охридскиот договор беше и требаше да биде за овие три работи, како да им се обезбеди на секој граѓанин еднакви права, слобода во многу широк аспект и тука лесно можеме да го кажеме со четирите слободи на Европската Унија и четвртата како да создадете подостоинствен живот. 2021 година е последен момент да се зборува за тоа дали можеме да постигнеме целосна фискална децентрализација за општините, но кои се максималните граници што можеме да ги достигнеме денес, за да овозможиме во следните 20 години несогласувања и нееднаквости меѓу општините, но и
разликите на животот меѓу граѓаните кои живеат во тие региони да бидат што помали. Суштината на децентрализацијата е независноста во работењето на општините, подобри услуги за граѓаните и уште поголемо задоволство на граѓаните од услугите што ги добиваат од општината. – изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ги елаборираше мерките што ги презема Владата за унапредување на институционалната и фискалната децентрализација, нагласувајќи ги мерките дефинирани во Програмата за одржлив развој.

“Денеска дискутираме за децентрализацијата и можам да оценам дека ова е една област, којашто e една од најуспешно имплементираните со Охридскиот Рамковен Договор. Договорот значеше крај на конфликтот, сериозна заложба за мир, стабилност, правичност и благосостојба за сите граѓани, преку поголема демократија во општеството и децентрализирано владеење и рамномерен регионален развој.Практично кај нас децентрализацијата започна во 1997 година кога се прифати Европската Повелба за локална самоуправа од страна на Парламентот, но суштински почна да се спроведува
после Рамковниот Договор и еден од првите закони, односно прв закон којшто Собранието го донесе после уставните измени практично беше Законот за локална самоуправа во јануари 2002 година со што започна овој процес на децентрализација.Во 2004 година беа донесени Законото за територијална организација, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Град Скопје и уште 40други закони со кои се овозможи да започне со реалниот транфер на надлежности до општините.“ – кажа министерот Милевски.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во својот говор го претстави планот на Владата за унапредување на процесот на децентрализација.

„Општините во овој период ја видоа потребата, не само да имаат повеќе финансии, финансиски капацитети, туку и да имаат поголема финансиска автономија. Карактеристично за овој период е што трансферите доминираат во структурата на буџетот на општините и во периодот што доаѓа со напредокот на фискалната децентрализација гледаме некои аспекти на понатамошна децентрализација, главно во 3 столба, зголемување на финансискиот или фискалниот капацитет, зголемувањето финансиска дисциплина и зголемување на транспарентноста во управувањето со општинските финансии. – изјави Бесими.

Ганиу им се заблагодари на панелистите и ја истакна важноста од унапредување на децентрализацијата.

„Секогаш се поставува прашањето зошто е толку неопходна фискалната децентрализација? Одговорот би бил многу едноставен, бидејќи надлежностите се пренесуваат што е можно поблиску до граѓаните, услугите стануваат поефикасни, економијата се развива, така што колку сме децентрализирани, толку економски ќе бидеме развиени како општина. „Зошто би била толку важна фискалната децентрализација? – изјави Ганиу.

Link with us
  • tai game danh bai rikvip rikvip game bai doi thuong tải rikvip
  • game danh bai rikvip tại rikvip apk rik vip
  • rik vip go88 rikvip choi rikvip truc tuyen
Game bài đổi thưởng