24инфо.мк пoвикувајќи се на извори блиски на телевизија Алфа пренесува дека во текот на вчерашниот ден имало драматични тензии во медиумот предизвикани од барањето на поранешниот премиер и пребеган осуден граѓанин на Северна Македонија, Никола Груевски.
Изворот информира дека наводно идејата и барањето биле Груевски да се вклучи во живо во емисијата на Богдан Илиевски, осудениот, па амнестиран учесник и организатор во крвавите случувања во македонскиот парламент на 27 април 2017 година.
-Според информациите што ги добивме, внатре во редакцијата и менаџментот на телевизијата настанала вистинска тревога околу барањето на Груевски, при што конфликтот и раздорот на релација Груевски – Мицкоски се рефлектирал и внатре меѓу структурите на телевизијата – пишува порталот.
Поврзано https://libertas.mk/tv-alfa-demantira-deka-gruevski-baral-vkluchuva-e-vo-zhivo/