Како поддршка за подобрување на мобилноста на лицата на кои за движење им се потребни соодветни помагала, Градот Скопје обезбеди електромоторни погони како додатоци кои денес се доделија на лица корисници на инвалидски колички.Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, како еден од моите приоритети, при што се залагаме да се стекнат со мобилност неопходна за меѓусебна соработка и вмрежување.