Денеска (21.09.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безведност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 60 возачи, од кои 14 за возење без возачка дозвола, 7 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, од кои две моторни возила се привремено одземени за истечена важност на сообраќајната дозвола подолго од 6 месеци , 5 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, еден возач кој врши јавен превоз на патници а не поседува валидно лекарско уверение…Изготвени се 4 барања за поведување на прекршочна постапка на правни и одговорни лица.На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички