Тони Коњановски кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ вечерва го добил првиот удар од членството во сопствената партија, вечерва е соочен со фактот дека битолските вмровци не го сакаат. На закажаната средба со околу 120 месни комитети на оваа партија присуствувале само околу педесетина и тие биле лути зошто е тој кандидат на партијата. Битолчани добро го паметат владеењето на коњановци пример брат му Зоран кој беше министер во одбрана, ама и на Тони како член на битолскиот совет каде бил најпасивен советник со ниту еден изговорен збор на говорница. Тони е доктор епидемиолог кој во време на ковид кризата цели 6 месеци си беше дома во приватна изолација и го остави инфективното оделение на цедило кога имаа премногу работа.
Епидемиолошката слика на ВМРО ДПМНЕ во Битола е негативна околу кандидатурата на Тони Коњановски за прв човек на општината.