75 ГОДИНИ ФУЛБРАЈТ ПРОГРАМА СО КОЈА 300 МАКЕДОНЦИ ДОБИЈА МОЖНОСТ ДА СТУДИРААТ НА КУЛТНИТЕ АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ

Од 1946-та до денес, програмата Фулбрајт на студенти, професионалци, професори и уметници им нуди можности својот личен и професионален развој да го продолжат во САД, на некоја од најпрестижните образовни и јавни институции.

Во изминатите 75 години, околу 400 илјади учесници од 160 држави го имале ова непроценливо искуство. Од нив 60 се добитници на Нобелова награда, 88 добиле Пулицерова награда, а 39 се шефови на држави или влади. Во импозантниот број на учесници во програмата Фулбрајт се вбројуваат и 298 македонски граѓани.

Честитки за големиот јубилеј!
#Fulbright75

Link with us
Game bài đổi thưởng